al palpojo 2020

Фестивалот на планински филм ЕХО утре и задутре гостува во Охрид

10 Декември 2023
На 11 и 12 декември (понеделник и вторник) во просториите на  Планинската Спасителна Служба при Црвен Крст - Охрид (кај автобуската станица Охрид) ќе се одржи Фестивалот на планински филм ЕХО. Влезот е слободен а местата се ограничени. 


Најдолгата традиција во патувачкото кино, е посетата на Охрид, па така во организација со АК Патагонија, Културолошка иницијатива 5 до 12 и Планинската спасителна служба - фестивалот во Охрид гостува по шести пат.

Вљубениците во природата и планината од Охрид ќе можат да уживаат во дводневен настан, со селекција на филмови од последното издание на ЕХО, како и неколку презентации:
 
***** 11 декември, понеделник
Локација: Планинска спасителна служба - Охрид
Блок 1, 19:00 часот,

Видео презентација „5 години 5до12“, 10’
Претставување на најновата публикација на ЕХО: „Пат“ на Нејц Заплотник, 10’
„Еголенд“, Игнаси Лопез Фабрегас, Шпанија, 20’, 2022
„До планините и назад“, Мајк Квигли, Канада, 47’, 2022
ПАУЗА 15мин
 
Блок 2, 21 часот
„Чангабанг: Враќање на Светлечката планина“, Ник Ковалски, Нов Зеланд, 20’, 2023
„Илузија за изобилство“, Ерика Гонзалес Рамирез / Мати Лиетарт, Белгија, 2022, 60'
 
 
***** 12 декември, вторник
Локација: Планинска спасителна служба - Охрид
Блок 1, 19:00 часот
Презентација на АК Патагонија, 30’
„АлтаВиа 4000“, Лука Матасони и Марко Тоноли, Италија, 37’, 2023
„Момците на мостот“, Ник Розен/Питер Мортимер, САД, 28’, 2022
 
Пауза 15мин
Блок 2, 20:45 часот

„Над земјата, под ѕвездите“, Марк Марфи, В. Британија, 2022, 18'
„КМ 82: Гласот на носачите на Камино Инка“, Маринел де Хесус, САД, 2023, 25'
„Едланже: слобода на врвот на прстите“, Нилс Мартин, Франција, 52’, 2023
 
Публицитет.мк 
Прочитано 1611 пати
 

output raIp0q

ezgif-3-7c8d99f0b6

akvarius

alfacentar

 

  • Medikor

niksan

Мисли-размисли

za misla

Импресум

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС - ДООЕЛ, ОХРИД

Контакт: publicitetpublicitet@yahoo.com

Техничка реализација: www.arkahost.mk

Посетеност website counter