Синоќа на една од редовните генерални проби членовите на Фолклорниот ансамбл „Бисери“ се вклучија во Интернет кампањата за поддршка на децата со ретки болести.
Насмеани лица, чувство на солидарност и желба на секој начин да им се помогне на оние на кои им е потребна помош и гласност. Така беше синоќа межу младите членови на „Бисери“.
Утре е Меѓународниот Ден на ретките болести. Тоа е всушност меѓународна кампања за подигнување на свеста за ретките болести. Татјана Узуноска Тренеска и Анета Јованоска ги анимираа присутните и заедно ги обоија лицата на децата.
За прв пат во 2008 година, голем број настани беа организирани низ целиот свет со учество на повеќе милиони луѓе. Кампањата започна како европски настан и со текот на времето стана вистински глобален феномен, со учество од 94 земји од целиот свет во 2017 година. Темата за 2018-та година е „Истражување“.
Публицитет.мк