Во рамките на  акцијата за осветлување како дел од проектот на Лајонс клубот „Лихнидос“ -  „Охрид – град на светлината“ од вечерва е пригодно осветлена и скултурата „Билјана“ во непосредна близина на изворите во месноста Студенчишта, објави идејниот творец на Проектот проф. д-р Зоран Тунтев на социјалните мрежи.  


Матурантот Христијан Јанкуловски од Охрид го користи секој слободен и инспиративен момент да фотографира. 

Од неколкуте фотографии кои ни ги испрати во нашата редакција за оваа недела одбравме една. Се надеваме дека ќе ви се допадне. 

 

 KIKO copy

Публицитет.мк 


Редакцијата на Публицитет.мк за оваа недела се одлучи фото на неделата да биде фотографијата од Дарко Бошњакоски на која по кој знае кој пат е овековечен Охрид ноќе. 

prosetka copy

Публицитет.мк 


„Мојот Охрид“ Наташа Попоска - Карче

Понеделник, 28 Февруари 2022 17:41

Автор на оваа слика - масло на платно едноставно насловена „Мојот Охрид“ е стоматологот д-р Наташа Попоска – Карче од Охрид.

Сликањето е една нејзина голема љубов и зад себе има самостојни и групни претставувања и учества на изложби колонии кај нас и во странство.

Наташа во една пригода  ни рече дека до нејзиното име можат да стојат многу придавки ние би рекле епитети и особини кои ги поседува: ведра, насмеана, упорна, емотивна...

- Верувам во физичко докажување на нашиот Универзум, а тоа се постигнува само со акција... Всушност не кажувај- покажувај, не зборувај – делувај..., вели таа.

Во последно време во светот на уметноста нејзина мисла водилка е оваа Додај му на светот малку боја!

 

274879200 10220958689258017 6392435987257657068 n

Публицитет.мк 


По подолго време во нашата рубрика фотографија од Дарко Бошњакоски од Охрид. Сигурни сме дека ќе ви се допадне и ќе ве натера следниве денови да излезете од дома на релаксирана прошетка крај езеро.

 

273381139 4797008070414724 2865749421005581503 n copy 

Публицитет.мк 


За фото на неделата од ФБ ја одбравме фотографијата на Драган Маховски од Охрид. Се надеваме дека ви се допаѓа.

Куќата на семејството Каневчеви (Крапчевци) во Охрид е изградена во втората половина на XIX век, а се наоѓа веднаш до црквата Св. Софија. Овде мајсторите-градители постигнале вистинска хармонија во градбата со неправилна основа што има приземје и два ката од кои секој нареден е поширок од претходниот. Нивната виртуозност особено доаѓа до израз на западната, челна фасада на куќата, при обработката на тимпанот како силна завршница на објектот каде што се чувствуваат извесни барокни влијанија.

272602248 488505809357364 5779874257657348892 n copy

Публицитет.мк 


Овие празнични јануарски денови кои најчесто ни се врзани со верските празници логично е изборот во рубриката ФОТО НА НЕДЕЛАТА да бидат фотографии со таов мотив.

 Денеска објавуваме две фотки што ни ги испрати младиот Дарио Тренески од Охрид, знаеме дека ќе ви се допаднат. 

 

dario copy

dario 1

 

 

Публицитет.мк  

 


Рубриката ФОТО НА НЕДЕЛАТА во оваа нова 2022 година ја отвораме со фотографија и стихови од нашата - охриѓанката Наде Ќосеска. Ќе ви се допадне спојот меѓу фотографијата и стиховите.  
Патуваат ѕвездите што сјаат
Живот со светлина нас да ни дадат
А ние гордо сме рашириле крила
Како испружени раце...
За во годината нова... повторно заедно да сме...
..... Се огласија галебите наши....
 
270747322 4755316021200635 7245422362385608172 n
 
 
Публицитет.мк 

„Бран“ фото: Бранко Трајкоски

Понеделник, 13 Декември 2021 20:41

Од фејсбук страницата „Охрид, Охрид убав, мил “ ја презедовме фотографијата на Бранко Трајкоски од Охрид. Веруваме дека ќе ви се допадне. 

 

 265430536 10216720709405106 8965295768192688163 n copy

 

 

Публицитет.мк 


За оваа недела се определивме да ви ја претставиме фотографијата „Фаќачот на крстот во друштво со галебите“ . 

Автор на фотографијата е Пецо Бојчевски од Охрид. 

 peco copy

 

 

Публицитет.мк 


Страница 4 од 34
 

output raIp0q

ezgif-3-7c8d99f0b6

akvarius

alfacentar

 

  • Medikor

niksan

Мисли-размисли

za misla

Импресум

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС - ДООЕЛ, ОХРИД

Контакт: publicitetpublicitet@yahoo.com

Техничка реализација: www.arkahost.mk

Посетеност website counter