al palpojo 2020

Култура

01 Септември 2022
 Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ) го објави видеоматеријалот од разговорот со режисерот Слободан Унковски, поветен на Горан Стефановски и неговото драмско творештво, по повод 70 години од раѓањето на Стефановски.
26 Август 2022

Со музичко-поетски перформанс на „Т’га за југ“ во изведба на бендот „Пијан Славеј“ и традиционалното палење на поетскиот оган вечерва свечено се отвори 61. издание на фестивалот „Струшки вечери на поезија“. 

24 Август 2022

Утре во 12 часот со свечено засадување дрво во Паркот на поезијата, каде што дрво ќе засадат истакнатиот јапонски композитор и пијанист Кенсаку Таникава, син на годинешниот лауреат на „Златниот венец“, јапонскиот поет Шунтаро Таникава, како и специјалниот гостин,  лауреатот на СВП во 2020 година, израелскиот поет Амир Ор ќе започнат Струшките вечери на поезијата. 

24 Август 2022

Утре – четврток во 12 часот во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде промовирана монографијата „Ова е мојот живот“од познатиот македонски писател и поет Иван Трпоски од Сиднеј, Австралија. Промотор ќе биде д-р Димитар Пандев.

20 Август 2022

„Нема поголемо задоволство кога на крајот од  40-те фестивалски денови ќе кажете,  реализиравме уште едно успешно „Охридско лето“. Горда сум што токму сега можам да кажам, изминаа вечери исполнети со многу убавина на врвната уметност кои долго ќе се паметат“.

19 Август 2022

Концерт посветен на великанот на македонската современа музика Александар Џамбазов ќе се одржи вечерва на сцената Долни Сарај со почеток во 21 часот.

18 Август 2022

Шведскиот квартет „Стенхамар“ вечерва е на класичниот репертоар на 62-то издание на фестивалот „Охридско лето“.Членовите на овој состав, виолинистите Петер Олафсон и Пер Оман, Тони Бауер на виола и Матс Олофсон на виолочело ќе концертираат во црквата „Света Софија“ од 21 часот.

17 Август 2022

 „Охридско лето покрај исклучително квалитетната музичката програма нуди врвни театарски креации, а денешната претстава  само ќе го потврди квалитетот кој годинава го има драмската програма која е одлично прифатена од публиката. Токму претставата „Војна и мир“ е една од најпривлечните за љубителите на театарот со што можам да кажам дека  гледалиштето на отворената сцена на Долни Сарај ќе биде исполнето до последното место“, рече директорката на НУ „Охридско лето“, Наташа Поповиќ на денешната прес-конференција.

16 Август 2022

Еден од најперспективните квартети од новата генерација „Simply quartet“ вечерва ќе настапи на фестивалот „Охридско лето“ . Концертот  ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот.

13 Август 2022

Редовниот фестивалски термин од 21 часот во црквата „Света Софија“  вечерва е резервиран за виолончелистката Ирена Јосифоска и пијанистот Александар Џермановиќ од Србија.

Страница 5 од 161
 

output raIp0q

ezgif-3-7c8d99f0b6

akvarius

alfacentar

 

niksan

  • Medikor

Мисли-размисли

za misla

Импресум

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС - ДООЕЛ, ОХРИД

Контакт: publicitetpublicitet@yahoo.com

Техничка реализација: www.arkahost.mk

Посетеност website counter