Култура
Американскиот пијанист Стивен Бјус вечерва ќе одржи целовечерен концерт на „Охридско лето“. Концертот е закажан во 21 часот во црквата „Света Софија“.
Музичката програма на фестивалот „Охридско лето“ продолжува вечерва од 21 часот на сцената „Долни Сарај“ со кабарето „Животот е...“ од Наташа Поплавска.
Српската вечер на „Охридско лето“ вечерва на сцената „Долни Сарај“ од 21 часот ќе го донесе големиот српски виолинист со светско реноме Стефан Миленковиќ и камерниот ансамбл „Камерата“ од Нови Сад со атрактивниот проект „Кармина Бурана“ од Карл Орф, а во режија на Ана Крстајиќ.
Во издание на Здружените за литература,култура и наука “Бран” од Струга, излезе од печат најновата книга на поетскиот ерудит Димче Шипинкароски, “Татков аманет”.
Музичката програма на фестивалот „Охридско лето“ вечерва продолжува со концерт на камерниот ансамбл „Профундис“ од Скопје под диригентската палка на Ѓурѓица Дашиќ. Солисти на вечерта се вилинистите Анна Кондратенко и Владимир Костов и пијанистката Весна Ангелова.
Една од најактивните албански пијанистки Мерита Реџа-Тершана заедно со нејзиниот колега, виолинистот Ермир Абеши вечерва ќе одржат целовечерен концерт за публиката на фестивалот „Охридско лето“.
Драмската програма на фестивалот „Охридско лето“ продолжува вечерва со театарската претстава „Демони“ од Ларс Норен, во режија на Васил Христов, а во изведба на НУ Народен театар – Битола.
Од денеска во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид можете да ги побарате следните пет нови наслови од издавачот „Книгохоличари“:
Шеесет и второто издание на фестивалот „Охридско лето“ ќе биде отворено вечерва на Античкиот театар во 21 часот со четирите светски познати тенори од Италија, Алесандро Косентино Де Акриса, Федерико Сера, Џовани Мариа Палмиа и Уго Тарквини. Италијанските уметници ќе настапат под диригентската палка на Лоренцо Бицари придружувани од Оркестарот на Националната опера и балет на Република Северна Македонија.
Од денеска и официјално за прв пат во Охрид НУ Библиотека „Григор Прличев“ отвори бесплатно книжевно катче кое ќе функционира 24 часа.