al palpojo 2020

Култура

09 Јули 2022

Пред два дена  во Музејот на Народната банка на Република Северна Македонија беше отворена изложбата В/РЕДНОСТИ И ВРЕДНОСТИ, по повод одбележувањето на 30 години од монетарното осамостојување во државата.

05 Јули 2022

Од 11 до 22 јули секој работен ден од понеделник до петок од 9 наутро до 12.00 напладне ќе има Летен саем на книгата во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид.

30 Јуни 2022

Охридскиот театар кој работи во рамките на Центарот за култура „Григор Прличев“ Охрид, денес на 30 јуни гостува на 9-тото издание на Меѓународниот фестивал на комедијата "Гола Месечина" со претставата „Енергични луѓе“ во режија на Александар Иваноски.

25 Јуни 2022

По четврти пат, во среда, 29-ти јуни, ќе се одржи Меѓународниот хорски фестивал „Гласот на Охрид“ организиран од охридскиот градски хор „Вокс Лихнидос“.

23 Јуни 2022

Утре – петок од 18 и 30 часот во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ ќе биде промовиран романот „Децата на Амон“ од Робертина Ал Ашури а во издание на ПНВ Публикации од Скопје.   

20 Јуни 2022

Заврши дваесет и првото издание на Меѓународниот натпревар на млади музичари „Охридски бисери“. На Свечениот концерт што се одржа на 18ти јуни, во катедралната црква Св. Софија, настапија финалистите во дисциплините виолина, пијано и камерна музика во сите возрасни категории што годинава беа застапени на натпреварот. „Охридски бисери“ е веќе познат и афирмиран натпревар во земјава, поширокиот регион, но и во цела Европа по високиот квалитет на организација, особено талентирани и подготвени млади учесници и врвни уметници и педагози што како членови на стручното жири ги оценуваат изведбите.

14 Јуни 2022

Во Изложбениот салон на НУЦК ” Глигор Прличев” во Охрид на 15 јуни (среда) со почеток во 20.00 часот ќе се одржи целовечерниот концерт “Етно Ноктурна” на кој ќе се претстават нашите реномирани музичари Александра Коцевска (мецосопран) , Билјана Петровска (пијано) и Петар Колевски (кларинет).

13 Јуни 2022

Во наредните пет денови од 14-ти до 18-ти јуни, седумдесетина млади уметници од шеснаесет држави ќе се натпреваруваат во дисциплините виолина, пијано и камерна музика.Младите музичари од Србија, Бугарија, Црна Гора, Словенија, Хрватска, Германија, Полска, Австрија, Чешка, Грузија, Италија, Литванија, Шпанија, Турција, Украина, ќе настапуваат во акустичниот амбиент на црквата Св. Софија.

09 Јуни 2022

НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид од понеделник 13 јуни до 5 септември  годинава ќе работи во една смена од 08:30 до 16:30 часот.

08 Јуни 2022

„Секоја година фестивалот „Охридско лето“ нè потсетува дека зачувувањето на Античкиот театар, со средства од ЕУ, денес ни овозможува домаќинство на многу културни настани на единствен локалитет, а истовремено Охрид го прави автентичен во културното наследство“, кажа вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на отворањето на панелот „Отворен Балкан ја отвора културата“ во рамки на Самитот Отворен Балкан што се одржува денеска во Охрид.

Страница 8 од 161
 

output raIp0q

ezgif-3-7c8d99f0b6

akvarius

alfacentar

 

niksan

  • Medikor

Мисли-размисли

za misla

Импресум

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС - ДООЕЛ, ОХРИД

Контакт: publicitetpublicitet@yahoo.com

Техничка реализација: www.arkahost.mk

Посетеност website counter