Култура
Четворица светски познати тенори од Италија: Алесандро Косентино Де Акриса, Федерико Сера, Џовани Мариа Палмиа и Уго Тарквини под диригентската палка на Лоренцо Бицари придружувани од Оркестарот на Националната опера и балет, ќе го отворат 62-то издание на фестивалот „Охридско лето“,на 12 јули на Античкиот театар во Охрид.
Од вчера НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид е побогата со 5 наслови од стручна литература дело на универзитетскиот професорот Марјан Ѓуровски.
Во издание на Книжевното друштво „Куќа на поезијата“ (Hiša poezije) од Љубљана (Словенија) деновиве од печат излегоа две поетски збирки во една книга од Славе Ѓорѓо Димоски: „Извештаи на Рисот“ и “Јазик и леб“, а преводот и препевот го направи Лара Миховиловиќ.
Писателот Христо Петрески е нов претседател на Друштвото на писателите на Македонија. На денешното Изборно собрание на ДПМ тој доби 56 гласови – осум повеќе од неговиот противкандидат Живко Грозданоски и ќе ја води писателската асоцијација во наредните четири години.
Утре, на 28 мај, со почеток во 11 часот, во просториите на ДПМ ќе се одржи Изборно годишно собрание на кое ќе се бираат нови управни тела на асоцијацијата.
Во организација на НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид, утре со почеток од 12 часот, ќе биде промовирана најновата збирка поезија “Љубов распослана по морето”, од истакнатиот хрватски поет Валерио Орлиќ.
Во издание на општина Охрид, деновиве од печат излезе „Книга за светите браќа Кирил и Методиј“, што ја приредија Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски.
„Музеите се толкувачи на нашата историска и современа културна вистина. Тие зборуваат за нашиот национален идентитет и засекогаш ќе служат како извор на нови сознанија и ќе егзистираат како постојан и активен центар за учење во државава, но и надвор од неа. Тие се трезор на нашето минато, првиот, највидлив репрезент на државава пред секој намерник во нашата земја“, рече министерката за култура Бисера Кострадиновска-Стојчевска на отворањето на изложбата „Гозби за живите и предците, боговите и светците“ во Музејот на Северна Македонија.
Признанието „Книжевен жезол“ што го доделува Друштвото на писатели на Македонија за значаен поетски опус, оваа година им се доделува на македонската поетеса Гордана Михаилова Бошнакоска и на поетот Аднан Озер од Турција.
Во сабота 14 мај, со почеток во 20:00 часот, во Народен театар - Охрид премиерно ќе се одигра претставата "Енергични луѓе", според авторот Василиј Шукшин, а во режија на Александар Ивановски.