Култура
Утре, НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид на свечен начин и со пригодна програма ќе го одбележи 5. Мај – Денот на македонскиот јазик.
Годинава се навршуваат и одбележуваат 60 години од поставувањето на темелите на изучувањето на македонистиката на Филозофскиот факултет при Универзитетот во Љубљана – исклучително значаен јубилеј за македонскиот јазик, литература и култура, имајќи ја предвид важноста на нивното присуство на големите универзитетски центри надвор од нашата земја.
„РАСКАЗИ БЕЗ ПАТОКАЗИ“ е „книга со приказни“ во која авторката успешно раскажува на начин на кој се обликува една приказна во модерно време. Издавач е ЕДУКА МАК од Скопје.
Во пресрет на 23 Април Светскиот ден на книгата и авторското право НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид од утре 20 април од затворен преминува во отворен тип на Библиотека.
Секоја година, на 15 април, се слави Светскиот ден на уметноста чија цел е да се зајакнат врските помеѓу уметноста и општеството, да се поттикне поголема свесност за различноста на уметничките изрази и да се нагласи придонесот на уметниците.
Во организација на ЕДУКА МАК, единствената специјализирана издавачка куќа за деца во земјава на свечен начин на бродот „Армада“ во Охрид беше промовирана книгата „Другаруваме со Лили и Вили“ од авторката Матеа Стоев.
Утрово почина Мајда Тушар (1950 – 2022), актерка во Драмскиот театар во Скопје (од 1972 до 2015 г.).
Од понеделник 11 до петок 15 април во НУ Библиотека „Григор Прличев“ ќе се одржува Саем на книгата од издавачот Матица македонска
Книгата „Охридско Езеро бисер небесен“ од европскиот Академик д-р Миле Д. Миќуновиќ е напишана на 224 страници, со современ дизајн, колор, со 394 фотографии. Во неа е опишано 31 место од каде е фотографирано езерото. Целата обиколка на езерото заедно и со територијата во Албанија е во растојание од 101,6 km со автомобил.