al palpojo 2020

Свечено отворање сценска кантата "Кармина Бурана" Ла Фура Дел Баус, Шпанија

11 Јули 2015

Сценска кантата „Кармина Бурана“
Ла фура делс Баус, Шпанија


Беатриз Дијаз (сопран, Шпанија),
Хозе Мануел Дијаз (баритон, Шпанија),
Василиј Корошев (контратенор, Русија), 
Лука Еспиноса (актерка, Шпанија)
Карлус Падриса (режија, Шпанија),
Хозеп Висент (диригент, Шпанија);
Македонската Опера и Балет; и
Македонска филхармонија

Josep Vicent photo by Helene van Domburg
 

Извонредната сопранистка Беатриз Дијаз, постојано е активна на музичките сцени во и надвор од Шпанија. Во нејзината биографија се впишуваат бројни значајни улоги во повеќе опери, меѓу кои „Дон Жуан“, „Боеми“, „Турандот“, „Фалстаф“, „Бал под маски“ и многу други. Добитник е на голем број награди на национални и на интернационални натпревари, меѓу кои и натпреварите „Франциско Вињас“„Francisco Viñas“, „Пласидо Доминго“, „Палома О’сеа“„Paloma O’Shea“ и други.

 

Хозе Мануел Дијаз своето деби го доживува во 1997 година во родниот град Билбао со операта „Травијата“, и оттогаш непрестајно е присутен на оперските сцени во родната земја и во странство, постојано воодушевувајќи ги публиката и критиката. Соработувал со голем број значајни уметнички имиња, како Хозе Карерас, Антонело Алеманди, Џулијано Карела, Ренато Палумбо, како и режисерите Џонатан Милер, Хозе Луис Кастро и др.

Младиот руски контратенор Василиј Корошев, пак, своето деби го доживува пред само девет години. Оттогаш до денес тој успева да се појави на голем број значајни сцени, како што се Големата сала на Московскиот конзерваториум, Операта во Лозана (Швајцарија), Концертната сала „Мегарон“ во Атина (Грција), Кралската опера на Версај (Франција), Кралската концертна сала во Амстердам (Холандија), Државната опера во Виена (Австрија) и др. Соработувал и со голем број познати уметници, како Габриел Гаридо, Јоргос Петру и други.

Лука Еспиноса работи како професор по соло-пеење и пијано на академијата „Лусентум“ во Аликанте, Шпанија. Во својата кариера имала привилегија да соработува со некои од најреномираните уметници, како Зубин Мехта, Кармен Санторо, Џани Фабрини, Клаус Салман, Ана Биљарди, Алехандро Забала и други. Во моментов е на крајот од своите постдипломски студии на Конзерваториумот за музика во Валенсија. Добитник е на неколку награди и признанија.

Хозеп Висент е уметнички директор и диригент - домаќин на Светскиот оркестар во Шпанија. Соработувал со голем број значајни оркестри, меѓу кои Шпанскиот национален оркестар, Симфонискиот оркестар на шпанската радио и телевизија, Лондонскиот симфониски оркестар, Симфониски оркестар на Чиле, Киевскиот симфониски оркестар, Холандскиот „Радио метропол“ оркестар, Симфонискиот оркестар на Аман, Филхармонискиот оркестар на Монтевидео и многу други. Досега диригирал стотици светски премиери на дела, меѓу кои и првата сценска изведба на операта „Марија од Буенос Аирес“ од композиторот Астор Пјацола. Добитник е на повеќе награди и признанија.

Македонската филхармонија е формирана во 1944 година, непосредно по ослободувањето на градот Скопје. На диригентскиот пулт на оваа значајна национална институција застануваат повеќе врвни диригентски имиња. На нејзиниот репертоар се нашле голем број значајни дела од светската музичка историја, како и дела од македонската уметничка музика. За сите години на своето постоење, Македонската филхармонија е еден од главните двигатели на музичката култура во земјава, промотор на националното музичко творештво и амбасадор на македонската музичка уметност во светот.

Оркестарот на Македонската опера и балет со својата разнострана дејност е еден од значајните чинители на македонската музичка култура. На неговиот репертоар се водечките оперски и балетски претстави од Верди, Пучини, Росини, Моцарт, Чајковски, Адам, Прокофјев и др., како и од македонските автори - Македонски, Смокварски, Аврамовски, Стојков и други. Оркестарот остварува и самостојни уметнички проекти со симфониски дела, кантати и ораториуми, како и праизведби на делата на македонските композитори. Со оркестарот на МОБ соработувале видни диригенти од Македонија и од други земји.

Извор: Охридско лето 

Прочитано 1078 пати
 

output raIp0q

ezgif-3-7c8d99f0b6

akvarius

alfacentar

 

  • Medikor

niksan

Мисли-размисли

za misla

Импресум

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС - ДООЕЛ, ОХРИД

Контакт: publicitetpublicitet@yahoo.com

Техничка реализација: www.arkahost.mk

Посетеност website counter