al palpojo 2020

Почина реномираната актерка Мајда Тушар

14 Април 2022

Утрово почина Мајда Тушар (1950 – 2022), актерка во Драмскиот театар во Скопје (од 1972 до 2015 г.).

Мајда Тушар дипломирала актерска игра во првата класа на Факултетот за драмски уметности Скопје и веднаш по дипломирањето активно се вклучила во тековниот репертоар на Театарот, особено во проектите на Вечерната сцена.

Нејзини поважни актерски остварувања се: Рут во „Дејството на гама-зраците врз сенишните невени“ (1973), Лисјена во „Болва во уво“ (1974), Дафина во „Јане Задрогаз“ (1974), Неда во „Црнила“ (1977), Ленче во „Ослободување на Скопје“ (1978), Орсолина во „Рибарски караници“ (1979), Невестата во „Чудото на Свети Ѓорѓи“ (1981), Клодија во „Тетовирани души“ (1986), Кристина во „Сили во воздухот“ (1988), Медеја во „Медеја“ (1988) и Блага во „Кула Вавилонска“ (1990).

Добитник е на повеќе награди, меѓу кои: наградата „Св. Климент Охридски“ за остварување во областа на театарот, Актер на годината за улогата на Ленче во претставата „Ослободувањето на Скопје“ и др.

Публицитет.мк 

Прочитано 639 пати
 

output raIp0q

ezgif-3-7c8d99f0b6

akvarius

alfacentar

 

  • Medikor

niksan

Мисли-размисли

za misla

Импресум

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС - ДООЕЛ, ОХРИД

Контакт: publicitetpublicitet@yahoo.com

Техничка реализација: www.arkahost.mk

Посетеност website counter