al palpojo 2020

Проф.д-р Марјан Ѓуровски акцијата со подарување авторски книги од областа на безбедноста ја започна од Охрид

01 Јуни 2022

Од вчера НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид е побогата со 5 наслови од стручна литература дело на универзитетскиот професорот Марјан Ѓуровски.

Универзитетскиот професор Ѓуровски до неодамна проректор на УКЛО, а сега професор на Филозофскиот факултет од Скопје од Охрид ја започна акцијата да подели бројна стручна универзитетска, авторска литература од областа на безбедноста и меѓународните односи во сите јавни и универзитетски библиотеки.

-Најважно е книгата да стигне до секој човек за да го зголемиме знаењето од областа на безбедносната култура, рече Ѓуровски при средбата со директорот на Библиотеката м-р Милчо Јованоски, објаснувајќи му ја целта на акцијата и посетата на Охрид.

На средбата се разговараше и за Охрид, библотекарството и идни можни проекти на НУ Библиотека “Григор Прличев” – Охрид и Универзитетот УКЛО од Битола.

284420278 519270966565479 9006644736133740581 n 1536x1261 copy

Книгите: Безбедноста и безбедносните закани на Република македонија, Безбедносни политики и концепти, Вовед во безбедноста, Индекс на безбедност ИИ и Безбедносни ризици и закани – третман, феноменологија и мапирање, се обработени и се на полиците на библиотеката и сите заинтересирани членови можат да ги зајамат, вели директорт Јованоски.

Публицитет.мк 

Прочитано 554 пати
 

output raIp0q

ezgif-3-7c8d99f0b6

akvarius

alfacentar

 

  • Medikor

niksan

Мисли-размисли

za misla

Импресум

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС - ДООЕЛ, ОХРИД

Контакт: publicitetpublicitet@yahoo.com

Техничка реализација: www.arkahost.mk

Посетеност website counter