al palpojo 2020

НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид: Предавање на тема: „Библиотеките и промоција на читањето“

14 Октомври 2022

Денеска, петок во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид од14.00 часот ќе гостува библиотекар советник Драгана Типсаревиќ од библиотека „Стефан Првовенчани“ од Краљево Р. Србија. Таа ќе одржи интерактивно предавање на тема: „Библиотеките и промоција на читањето“.

Драгана Типсаревиќ е библиотекар консултант и советник и долгогодишен директор на Библиотека „Стефан Првовенчани“од Краљево. Таа  е  добитник на сите престижни награди од областа на библиотечното работење во Р. Србија за имплементација и реализација  на значајни библиотечни програми во државата и пошироко, какао и за реконструкција на зградата на Библиотеката од Краљево. За своите заслуги е носител на Националната награда во областа на библиотекарство во Р. Србија.

Предавањето е наменето првенствено за едукација на вкупниот библиотекарски кадар во нашата библиотека но  ги поканивме да присуствуваат и сите библиотекари од училишните библиотеки, Универзитетот „Св. Апостол Павле“ и ФТУ – Охрид , а предавањето е отворено и за сите заинтересирани, стои во соопштението од Библиотеката.

Од Библиотеката соопштуваат дека поради стручното предавање одделот за зајмување денеска – петок 14 октомври ќе работи само од 8 и 30 до 14.00 часот.

Публицитет.мк

Прочитано 295 пати
 

output raIp0q

ezgif-3-7c8d99f0b6

akvarius

alfacentar

 

  • Medikor

niksan

Мисли-размисли

za misla

Импресум

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС - ДООЕЛ, ОХРИД

Контакт: publicitetpublicitet@yahoo.com

Техничка реализација: www.arkahost.mk

Посетеност website counter