al palpojo 2020

Денеска прозно - поетски настан „Сите лица на слободата“

13 Ноември 2022

Денеска - недела  во кафе-барот „Шила“ ќе се одржи прозно-поетски настан „Сите лица на слободата“, на кој учесниците ќе се претстават со творби поврзани со темата слобода.

Оваа средба се организира во чест на одбележувањето на Денот на ослободувањето на Охрид, 7-ми ноември. Учесници се: Наталија Кичеец, Смиле Наумоски – Брсјак, Јордан Коцевски, Славе Ѓорго Димоски, Милчо Мисоски, Марина Димовска, Даниела Илијоска, Митре Мангоски Радождански, Марина Икономова Шокева, Маја Мојсова, Мира Смаќоска Танеска, Митко Колјушевски, Мирко Томовски, Лидија Стефановска, Тина Тодороска Петреска, Ева Голабоска.

Настанот е во организација на Здружението за литература и други уметности „Креативна верига“ и уметницата и поетеса Наталија Кичеец. Посетителите ќе имаат можност да уживаат во одбрана поезија, проза, фотографија, визуелна уметност и други уметности поврзани со темата. Почеток од 17:30 часот.

“Слобода.

Дали некој ни ја дал? А, кој ни ја зел?
Возможно ли е тоа?
Кој е патот до стекнување на Слобода и дали воопшто постои таков пат?
Си ја одземаме ли чекор по чекор замислата за Слободата, си ги стеснуваме ли хоризонтите поробувајќи се, угнетувајќи се, за потоа да се ослободуваме?
Слободни ли сме или така ни се причинува?
Сме го спознале ли духот на Слободата? Делуваме ли, вдахнувајќи Будење кај желните за поделби и ропство?

Да?!
Тогаш зошто дозволуваме да бидеме поставени во позиција на потчинетост и послушност?
Зошто повеќето веруваат во системи, слепо прифаќаат се' и работат/делуваат за истите?
Како сме дошле до тоа да поверуваме дека ја немаме Слободата, та треба да се бориме за неа?
Дали е потребна борба за Слобода?
Со кого треба да се бориме за да бидеме Слободни?
Потребно ли е да убиеме за Слобода?
Дали сме праведни кон другите, кон светот на животните, растенијата и минералите?
Зошто не гледаме дека сме се вклучиле во одземање на нивната Слобода?
Кога одлучуваш за друг, каде е Слободата?
Што е Слобода?
Како може да Ја има и да Ја нема?
Или, како може некој да Ја има, а некој да Ја нема, зарем Таа се поседува?! Кој е тој што ја доделува?!
Никогаш не сте се запрашале дали некој си поигрува со нас?
Дали делуваме слободно, дали нашите мисли имаат слободен тек?
Дали нашите секојдневни дела се дела на Слободата или се повторувања, имитации, мимикрија?
Сте се запрашале ли чии зборови и концепти слепо следиме, чуваме или негуваме на ментално поле? Оттука, дали сме слободни?
Кој нѐ научи и насочи така да размислуваме и мислиме?
Дали е Слободата во Еднотата или во конфликтите околу поделбите?
Дали прифаќањата или одбивањата на нештата потекнуваат од Слобода на избор или од ограниченост?
Дали твориме слободно? Сигурни ли сте?
Дали сме воопшто слободни или само убедливо и неубедливо се лажеме себеси, оти и општеството нѐ лаже за Слободата?
Би се повлекле ли од возљубување на променливото и обземање со смртното за да бидете Слобода?“ – Н. Кичеец

Публицитет.мк 

Прочитано 322 пати
 

output raIp0q

ezgif-3-7c8d99f0b6

akvarius

alfacentar

 

  • Medikor

niksan

Мисли-размисли

za misla

Импресум

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС - ДООЕЛ, ОХРИД

Контакт: publicitetpublicitet@yahoo.com

Техничка реализација: www.arkahost.mk

Посетеност website counter