al palpojo 2020

Со „Енергични луѓе“ Народен театар од Охрид ја продолжува сезоната

13 Февруари 2023

Со претставата „Енергични луѓе“ според авторот Василиј Шукшин, во режија на Александар Ивановски, Народен театар - Охрид ја продолжува сезоната, претставата ќе биде изведена во сабота на 18 февруари во 20.00 часот.

Во претставата играат Горан Стојаноски, Никола Тодороски, Елизабета Стефаноска, Стрезо Стаматовски, Павел Маслов и Марија Стефаноска.
Сценографијата и графичкиот дизајн се со  потпис од Филип Коруновски, а костимите на Невенка Тасева - Петровиќ.
Претставата, иако сместена во социјалистичките 70-ти од минатиот век, е исклучително актуелна, со заплет кој носи урнебесен расплет, кој освен што до солзи ја насмејува публиката праќа и квалитетна порака за одредени општествени моменти кои се на некој начин многу важни.

 

Билетите  по цена од 200 денари на билетарницата при НУЦК “Григор Прличев” - Охрид. Телефон за резервации 046/261-063, 075/283-066

Публицитет.мк 

Прочитано 380 пати
 

output raIp0q

ezgif-3-7c8d99f0b6

akvarius

alfacentar

 

  • Medikor

niksan

Мисли-размисли

za misla

Импресум

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС - ДООЕЛ, ОХРИД

Контакт: publicitetpublicitet@yahoo.com

Техничка реализација: www.arkahost.mk

Посетеност website counter