al palpojo 2020

АКАДЕМИК Д-Р МИЛЕ Д. МИЌУНОВИЌ: ЗАГРЕЈТЕ ГО МОЗОКОТ СО 1000 ГАТАНКИ И ЗАГАТКИ

13 Март 2023

Мозокот, исто како и телото, треба да се вежба со цел што подобро развивање и усовршување. Логичките гатанки, загатки и квизови се забавен начин за тренирање на нашиот мозок и негово одржување во форма.

Гатанките и загатките се алатки кои позитивно влијаат на имагинацијата и љубопитноста на секое дете. Тие имаат корисни ефекти врз психата, однесувањето, но и на начинот на кој малите ги перцепираат информациите околу нив и ги пренесуваат. Едукативен начин на игра преку кој родителите или бабите и дедовците можат да им пренесат позитивни принципи на животот на своите деца. Исто така можат да имаат висок степен на тешкотија, само за да ги стимулираат малите да ја надминат својата зона на удобност и да размислуваат надвор од бариерите. Во играта, ќе научат да прават здруженија за светот околу нив, за животните, зеленчукот или растенијата.

И малите деца и децата на училишна возраст се лудо заљубени во заедничките игри со своите родители, баби или дедовци. Затоа, интересните загатки и гатанки со одговори сигурно ќе го привлечат нивното внимание. Најважно е возрасните да размислат како да се одвива возбудливата игра.

Решавањето логички загатки и гатанки е извонредна алатка за: Координација на левата и десната страна на мозокот; Подобрување на меморијата и концентрацијата; Подобрување на вештините за просторно размислување; Одмор од дигиталните уреди.

Загрејте го мозокот, размрдајте го и обидете се да ги погодите овие интересни 1000 гатанки и загатки што се напишани во 118тата книга на академик д-р Миле Д. Миќуновиќ од Охрид.

Пишува:

 mi

Академик д-р Миле Д. Миќуновиќ од Охрид

Прочитано 135 пати
 

output raIp0q

ezgif-3-7c8d99f0b6

akvarius

alfacentar

 

niksan

  • Medikor

Мисли-размисли

za misla

Импресум

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС - ДООЕЛ, ОХРИД

Контакт: publicitetpublicitet@yahoo.com

Техничка реализација: www.arkahost.mk

Посетеност website counter