al palpojo 2020

Нашите млади музички таленти најдобри во Италија

25 Април 2023

Од 21-23 aприл во Тревизо- Италија, се одржа XV Меѓунарoден натпревар "Giovani musicisti". Оваа година учество зедоа млади музичари од повеќе од 15 држави од целиот свет ( Италија, Украина, Словенија, Хрватска, Македонија, Србија, Кина, Романија, Полска, Чешка, Германија, Австрија, Јужна Кореа, Албанија, Босна и Херцеговина и др).

Трите претставнички од Охрид, ученички во ООМУ "Методи Патче", постигнаа забележителни резултати и се закитија со значајни награди.

кла

Од класата по пијано на проф. м-р Ана Ѓорѓиоска, ученичката Катја Крстаноска освои висока ПРВА награда во категоријата родени 2015 година. Додека, пак, ученичката Ана Кузманоска освои ТРЕТА награда , во силна конкуренција од категоријата родени 2009-2011.

кла 1

Од класата по флејта на проф. м-р Нина Момировска, ученичката Ива Чанова освои ТРЕТА награда, во категорија родени 2006-2008. Во оваа категорија беше доделена една прва награда , втората награда не се додели, и третата награда и' припадна на нашата претставничка.

флејта

И покрај големата конкуренција и високите критериуми на оценување, сите три наши натпреварувачки беа забележани од реномираното жири кое им упати пофални зборови за  нив и на нивните ментори, како мотив и инспирација за идни достигнувања.

за    за 1

Публицитет.мк 

Прочитано 143 пати

Омнибус

24 Мај 2023

Почина кралицата на рокенролот Тина Тарнер

Тина Тарнер, една од најдобрите музички изведувачи на сите времиња, почина денес на 83-годишна возраст.
 

output raIp0q

ezgif-3-7c8d99f0b6

akvarius

alfacentar

 

niksan

  • Medikor

Мисли-размисли

za misla

Импресум

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС - ДООЕЛ, ОХРИД

Контакт: publicitetpublicitet@yahoo.com

Техничка реализација: www.arkahost.mk

Посетеност website counter