al palpojo 2020

Авторски концерт на Љупчо Коскаров на Охридско лето

03 Мај 2023

НУ Охридско лето продолжува со реализација на концерти надвор од традиционалната рамка 12 јули-20 август.  По повод денот на Македонската книжевност, на 5 мај (петок) со почеток од 20 часот во црквата Св. Софија авторски концерт на уметничка вокално-инструментална музика ќе одржи Љупчо Коскаров заедно со Марина Јаневска – сопран, Илија Белистојаноски – тенор, Иван Трајковски – виолина, Филип Михајловски – канон и Дарко Мариновски – пијано.

„Концертите кои ги реализиравме изминатиов период се само доказ дека градот, нашата верна публика, има потреба преку цела година од културни настани кои, пред сѐ, се издвојуваат со квалитет. Продолжуваме и во иднина по патот кој го прави Фестивалот поатрактивен и попривлечен за уметници и за љубителите на уметноста“, вели директорката на НУ Охридско лето, Наташа Поповиќ.

Програмата за концертот е составена од македонска уметничка музика која е инспирирана и посветена на таткото на авторот Блажо Коскаров - познат кларинетист од Кавадарци кој оставил силни пораки и чувства за музичкото наследство врз својот син и идните музички таленти. Музиката е компонирана во период од 5 години, снимена е аудио, сѐ со цел да не се заборават традиционалните музички теми кои што живееле 200 години наназад низ историјата.

„Овие оригинални композиции претставуваат заштита на македонската музичка литература и се вбројуваат во вечноста на светската музичка литература“ , вели Коскаров.

Љупчо Коскаров спаѓа во редот на најистакнатите македонски уметници од областа на музичката уметност. 20 год е член на Македонската филхармонија како прв трубач и солист во оркестарот. Соработувал со голем број на диригенти, пијанисти и други инструменталисти. Остварил голем број на концерти како солист, со камерен ансамбл и во камерни дувачки состави.

Учествувал на најпрестижните натпревари и се усовршувал на семинари и мастер класови во Минхен-Германија кај Р.Гетлер, во  Париз-Франција кај М.Андре, Абердин-Англија кај Џ.Дикенсон. Учествувал на сите големи натпревари во Љубљана, Загреб, Белград и Скопје и освоил две први сојузни награди во Љубљана и Скопје.

Коскаров студирал во Љубљана, магистрирал во Софија а во 2010 година докторирал на тема ,,Образованието по труба во Р.Македонија“ и се стекнал со највисокиот степен ,,Доктор на науки“. Во моментот работи како редовен професор на Интернационалниот Универзитет Еуропа Прима и е декан на Факултетот за музика.

Публицитет.мк 

Прочитано 114 пати

Омнибус

24 Мај 2023

Почина кралицата на рокенролот Тина Тарнер

Тина Тарнер, една од најдобрите музички изведувачи на сите времиња, почина денес на 83-годишна возраст.
 

output raIp0q

ezgif-3-7c8d99f0b6

akvarius

alfacentar

 

niksan

  • Medikor

Мисли-размисли

za misla

Импресум

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС - ДООЕЛ, ОХРИД

Контакт: publicitetpublicitet@yahoo.com

Техничка реализација: www.arkahost.mk

Посетеност website counter