al palpojo 2020

Утре е 18-ти Maj, Ден на музеите - бесплатен влез во сите објекти на Завод и Музеј - Охрид

17 Мај 2023

За поголема промоција на културното наследство на Охрид и Охридскиот регион, како и генерално подигање на културната и јавна свест, по повод 18-ти Мај, Меѓународниот ден на музеите, влезот за посетители во сите објекти под надлежност на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј-Охрид ќе е бесплатен.


Како дел од активностите кои се реализирани во претходниот период, претставуваат и виртуелните реконструкции на гробницата од македонски тип кај локалитетот „Караѓулевци“ и римската гробница кај локалитетот „Видобишта“. Со цел запознавање на јавноста за гробниците, виртуелните реконструкции ќе бидат проектирани во просториите на спомен куќата на Христо Узунов на 18-ти Мај.

Апелираме до сите кои се во можност, а посебно до претставниците на помладите генерации да ја искористат оваа прилика да се запознаат со значајното културно наследство со кое располага нашиот град, соопштија од Завод и Музеј - Охрид. 

Публицитет.мк 

 

Прочитано 54 пати

Омнибус

24 Мај 2023

Почина кралицата на рокенролот Тина Тарнер

Тина Тарнер, една од најдобрите музички изведувачи на сите времиња, почина денес на 83-годишна возраст.
 

output raIp0q

ezgif-3-7c8d99f0b6

akvarius

alfacentar

 

niksan

  • Medikor

Мисли-размисли

za misla

Импресум

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС - ДООЕЛ, ОХРИД

Контакт: publicitetpublicitet@yahoo.com

Техничка реализација: www.arkahost.mk

Посетеност website counter