al palpojo 2020

Нова книга: „Свети Никола во Охрид“ од академик Миле Д. Миќуновиќ

21 Мај 2023

Култот на Св. Никола е познат од VI век, а најстарото житие за него потекнува од IX век. Важел за заштитник на целото население и од целиот свет, поради што високо го ценат сите христијани.

Се верува дека луѓето ги штител од секакви неприлики, но сепак во народното предание најповеќе е запаметен како господар на водите, на морињата, а со тоа и заштитник на корабите и на патниците што патувале со нив.

Свети Никола е еден од празниците што македонските православни верници најмногу го слават како домашна слава или пак како именден. Речиси секое второ семејство овој ден го празнува како слава. Свети Никола е најпразнуваниот светец.

002 copy copy  Академик Миле Д. Миќуновиќ - автор на книгата 

Целта ни е жителите и посетителите на градот Охрид да се запознаат со животот на свети Никола, расудувањето, преносот на моштите, за неговиот Ден, од свети Никола до Дедо Мраз, за народните обичаи, за славата, крсното име, именден, како треба да се одбележи домашниот празник, кога треба да се почне со домашниот празник итн.

Вкупно се опишани 27 цркви посветени на Свети Никола во Охрид. Ги изнесуваме истражувањата од терен, на храмовите во Охрид што се посветени на Свети Никола без да го опишуваме во детали нивниот фрескоживопис. За тоа читателите можат да консултираат соодветна литература. Се надеваме дека текстот и илустрациите на читателот ќе му дадат информации за црквите во градот Охрид и неговата Општина како центар на црковниот и духовниот живот.

Публицитет.мк 

Прочитано 147 пати

Омнибус

24 Мај 2023

Почина кралицата на рокенролот Тина Тарнер

Тина Тарнер, една од најдобрите музички изведувачи на сите времиња, почина денес на 83-годишна возраст.
 

output raIp0q

ezgif-3-7c8d99f0b6

akvarius

alfacentar

 

niksan

  • Medikor

Мисли-размисли

za misla

Импресум

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС - ДООЕЛ, ОХРИД

Контакт: publicitetpublicitet@yahoo.com

Техничка реализација: www.arkahost.mk

Посетеност website counter