al palpojo 2020

Во КИЦ изложба „Повисоко од себеси“ од Тони Шулајковски

19 Октомври 2023

Вечерва  (четврток), со почеток во 20:00 часот, во Културно-информативниот центар (КИЦ) во Скопје, ќе биде отворена изложбата „Повисоко од себеси“ на академскиот сликар и ликовен педагог Тони Шулајковски.

... „Најновата изложба на Тони Шулајковски насловена „Повисоко од себеси“, уште преку самиот наслов, суптилно нè воведува или, поточно, нè упатува во комплексен свет во кој насоката на неговото тридецениско спознание на ликовноста константно се движи кон повисоките духовни сфери.“... ќе напише Маја Чанкуловска-Михајловска во предговорот на каталогот за изложбата.

Ќе бидат поставени 25 дела-портрети на жени... „овие монументални портрети, претставени во крупен план, не ја базираат својата егзистенција само врз синонимот за  идеалната восхитувачка женска убавина, туку истите, во сопствената реалност, произлезена од класичните естетски уметнички канони, се воедно сместени во имагинарни метафизички пространства... Всушност, поетичноста и лирскиот набој со кој се обземени ликовите, просторот и севкупно, атмосферата во неговите дела, го позиционира авторот повеќе на прагот на чудесното.“...вели Маја Чанкуловска-Михајловска-историчарка на уметноста од Националната галерија „Чифте амам“ во Скопје.

Посетителите ќе може да ја посетат изложбата до 5.11.2023 година.

м-р Тони Шулајковски – академски сликар и ликовен педагог

 

Роден е 1969 година во Скопје

*Дипломирал на факултетот за Ликовни уметности – Скопје, Педагошки оддел

насока сликарство во класата на проф. Ана Темкова во 1992 година.

*Член е на ДЛУМ од 1993 година.

*Од учебна 1996/1997 година до денес работи како ликовен педагог во матичното училиште ООУ „Петар Поп Арсов“, од 2001-2021 и во ООУ „Аврам Писевски“, а од 2021 во ООУ „Војдан Чернодрински“.

*Постдипломски студии – насока сликарскто завршил на ФЛУ во класата на

проф. Родољуб Анастасов во 2002 година

*Од 2005 работи со талентирани деца во приватното ликовно студио „Арс вивенди“ што го основа со Дијана Петкова – проект менаџерка.

 

Реализирал 55 самостојни, а учествувал на стотина групни изложби.

 

Награди:

* 2016 - Награда за сликарство - ДЛУМ

* 2013 - Награда - „Сликар на годината 2012“ Остен - Светска галерија на цртеж

* 2008 - Награда за сликарство - мал формат „Константин Мазев - Коце“

* 1992 - Награда за најдобар студент на педагошкиот оддел на ФЛУ - Скопје

 

Ликовен перформанс:

2013 - „ВИДИ МУЗИКА, СЛУШНИ СЛИКА, ДОБИЈ КНИГА“ - Градски парк - Скопје

2010 -  „Трансцеденција“ - Културно лето – општина Карпош

         Дијана Петкова -проект менаџерка

Публицитет.мк                                                                       

Прочитано 190 пати
 

output raIp0q

ezgif-3-7c8d99f0b6

akvarius

alfacentar

 

  • Medikor

niksan

Мисли-размисли

za misla

Импресум

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС - ДООЕЛ, ОХРИД

Контакт: publicitetpublicitet@yahoo.com

Техничка реализација: www.arkahost.mk

Посетеност website counter