al palpojo 2020

Почина актерот Мето Јовановски

16 Ноември 2023

Почина aктерот Мето Јовановски. Си замина во легендите на 77 годишна возраст. Тоа е една голема и ненадоместлива загуба за театарската и филмска сцена. Замина човек од кој учеа многу генерации македонски актери. Остави неизбришлива трага на уметничката сцена.

Последниот поклон пред публиката го имаше пред само дваесет дена во неговиот Драмски театар. Оттаму велат дека Мето Јовановски, бравурозно ја изиграл својата последна претстава „Моето име е Горан Стефановски“.

Македонската и регионалната публика останува без актер кој ќе го памети по неговата харизма, а колегите актери по творечката енергија што ја пренесуваше до последниот свој здив.

Неговата успешна кариера започна 1971 година во Драмскиот театар, каде се вработи по завршувањето на Академијата за театар и филм во Софија.

Јовановски ќе остане запаметен по особената боја на гласот и по силната и сугестивна актерска игра, со која владееше на сцената и ја заведуваше публиката. Одигра повеќе од 100 улоги во театар, на филм и на телевизија. Работеше во Македонија, а последниве децении поинтензивно во регионот, па стана и почесен член на Народниот театар од Црна Гора.

Мето Јовановски беше дел од генерацијата актери кои ги постигнаа најголемите успеси на Драмски театар. А, преку учеството во филмските проекти, се вгради во развојот на македонската кинематографија, како и во регионалната. Како педагог, актерскиот занает го пренесуваше на младите генерации.

Јовановски е добитник на многу награди, „Златна клапа“ во Белград, четирикратен лауреат е на наградата „Милтон Манаки“, наградата „Петре Прличко“, наградата за животно дело „Војдан Чернодрински“, има признание за животно дело. Неговите реплики уште долго ќе се повторуваат.

Еден од водечките драмски уметници во Македонија ќе се памети по легендарните филмски улоги во „Тетовирање“, „Среќна нова 49“, „Големата вода“, „До балчак“, „Пред дождот“ и други.

Публицитет.мк 

Прочитано 80 пати
 

output raIp0q

ezgif-3-7c8d99f0b6

akvarius

alfacentar

 

  • Medikor

niksan

Мисли-размисли

za misla

Импресум

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС - ДООЕЛ, ОХРИД

Контакт: publicitetpublicitet@yahoo.com

Техничка реализација: www.arkahost.mk

Посетеност website counter