al palpojo 2020

Во среда во МАНУ во Скопје промоција на монографијата за уметникот од светски ранг Јордан Манасијески

20 Ноември 2023

Неодамна излезе од печат Монографијата посветена на големиот македонски уметник Јордан Манасијески од Охрид. Автор е проф. д - р Владимир Величковски.

Ако се земат во вид обемот на делото 480 страници - тврд повез, со преку 300 репродукции во боја и двојазичниот текст на македонски и англиски јазик,  монографијата е од енциклопедиско значење.

Таа содржи критички осврти од повеќе историчари на уметност и тоа: Салваторе Русо - Италија, Рути Такер - САД, Санда Станачев Бајзек - Хрватска, Драган Јовановиќ Данилов - Србија, Бисера Валева – Бугарија и од македонските критичари и вљубеници во уметноста Никола Николовски, Зекман Ракиповски,писателите Киро Донев, Трајан Мартиновски и новинарот Милчо Јованоски.

Ова издание претставува епилог на целокупната досегашна уметничка кариера на Манасијески, во која се документирани настаните од домашната и меѓународната уметничка сцена: промоции, изложби, учества на Интернационални уметнички салони за модерна уметност и добиени награди. Дополнителен акцент е даден и на изработката на стриповите, кои опфаќаат еден голем дел од неговата уметничка кариера, а претставени се и мал дел од неговите преку 2000 идејни дизанерски решенија.

403395969 362149986372404 5461030509408073791 n

Подготовката на монографијата траеше повеќе од  6 години, техничката подготовка и графичкиот дизајн го изработи Боби Ќосев, а уредник на монографијата е неговиот долгогодишен промотор во светот Љупчо Жупан.

Промоцијата на монографското издание е закажана за 22 ноември во 13 часот во Ликовниот салон на МАНУ (Македонската Академија на Науките и Уметностие) во Скопје.

По тој повод поздравна реч ќе одржи претседателот на МАНУ академик Љупчо Коцарев а промотор ќе биде проф. д-р Ивица Џепаровски.

Публицитет.мк

Прочитано 94 пати
 

output raIp0q

ezgif-3-7c8d99f0b6

akvarius

alfacentar

 

  • Medikor

niksan

Мисли-размисли

za misla

Импресум

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС - ДООЕЛ, ОХРИД

Контакт: publicitetpublicitet@yahoo.com

Техничка реализација: www.arkahost.mk

Посетеност website counter