al palpojo 2020

Нова книга: „Мое место“ Марина Шикова - Димовска

22 Декември 2023

Во издание на ПНВ Публикации вчера излезе од печат најновата збирка песни „Мое место“ од Марина Шикова - Димовска од Охрид. 

 

- Авторката пеејќи во трите циклуса од оваа збирка го грее срцето на читателот како пламен во студена зимска ноќ, како тивок надежен збор искажан во најдлабокиот мрак, ќе рече во кусата рецензија поетесата Лидија Размоска - Тримовска. Затоа, пред да почнете со читање , длабоко земете здив, додава Тримовска. 

Марина Шикова - Димовска дипломирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје на Катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности. Зад неа како автор се збирката раскази „Приказни од кујната“ и книгата за деца „Езерото ми раскажува“. 

Публицитет.мк 

 

Прочитано 182 пати
 

output raIp0q

ezgif-3-7c8d99f0b6

akvarius

alfacentar

 

  • Medikor

niksan

Мисли-размисли

za misla

Импресум

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС - ДООЕЛ, ОХРИД

Контакт: publicitetpublicitet@yahoo.com

Техничка реализација: www.arkahost.mk

Посетеност website counter