al palpojo 2020

Беседата „Како против пизмата? “ под шифра: „Адет госпоари“ најдобра на Конкурсот на НУБ „Григор Прличев“ од Охрид за 2024

29 Јануари 2024

Во пресрет на манифестацијата „Прличеви беседи“ 2024 годинава по втор пат НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид распиша  Конкурс за избор на најдобра беседа посветена на нашиот патрон, големиот поет и преродбеник Григор Прличев на тема „Како против пизмата?“

Од пристигнатите беседи на распишаниот Конкурс комисијата оценувајќи ја  нивната уметничка, јазична и естетско – етичка содржина за најдобра ја одбра беседата „Како против пизмата? “ под шифра: „Адет госпоари“

На Конкурсот кој за првпат се организираше на државно ниво можеа  да се пријават  сите млади автори од 15 до 30 годишна возраст, велат од Библиотеката. 

Авторот на наградената беседа треба да го докаже својот идентитет и авторство со примерок од творбата испратен на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Наградата за најдобра беседа ќе биде врачена  на 6 февруари на манифестацијата „Прличеви беседи“ во организација на НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид.

Публицитет.мк 

Прочитано 86 пати
 

output raIp0q

ezgif-3-7c8d99f0b6

akvarius

alfacentar

 

  • Medikor

niksan

Мисли-размисли

za misla

Импресум

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС - ДООЕЛ, ОХРИД

Контакт: publicitetpublicitet@yahoo.com

Техничка реализација: www.arkahost.mk

Посетеност website counter