Ако сакате да ослабете на лесен и здрав начин без при тоа да практицирате некоја диета тогаш чаевите се идеален напиток кој ќе Ви помгне во намалувањето на килограмите.Сите оние кои сакаат здраво да ослабнат и оние кои сакаат својата виткост и понатака да ја задржат чаевите се идеален избор затоа што тие го:
-одржуваат умереното чувство на ситост
-го забрзуваат метаболизмот,го поттикнуваат варењето на храната и
– придонесуваат за побрзо согорување на мастните наталожувања.
Кои чаеви се најдобри за слабеење?
-ЖОЛТИОТ чај-заради својата докажана моќ за забрзано согорување на мснотиите е еден од најбараните напитоци пред ЛЕТНИТЕ сезони но и тогаш кога се држат исцрпувачки и не соодветни диети кај кој не се елиминираат масните депонии и кога сакате да ги намалите килограмите кои се зголемиле во текот на зимските месеци.
Жолтиот чај содржи состојка која при бројни испитувања се докажало дека помага при:
– забрзано согорување на вишокот маснотии
– поттикнување на елиминацијата на непотребните материи
– и зголемување на потрошувачката на енергијата која е потребна при апсорпцијата и елиминацијата на храната.
– Оваа состојка исто така ја стимулира оксидацијата односно топењето на мснотиите со што се поттикнува намалувањето на создавање залихи на масното ткиво особено во текот на ДЕНОТ.
-БЕЛ чај или ЕЛИКСИР НА МЛАДОСТА,ДОЛГОВЕЧНОСТА И УБАВИНАТА
Белиот чај има клучна улога во борба против дебелината а без при тоа да се држи некоја диета која може да го загрози вашето здравје.
Белите чаеви во себе содржат посебно квалитетни состојки кои благотворно дејствуваат на забрзување на метаболизмот и при тоа поволно влијаат на слабеењето особено во текот на НОЌТА.Тие состојки служат за спречување на складирање на маснотиите и помагаат во процесот на нивното разложување .
Со помош на Белиот чај кој уште се нарекува ЕЛИКСИР НА МЛАДОСТА,ДОЛГОВЕЧНОСТА И УБАВИНАТА се подобрува фигурата и се редуцира телесната тежина но во исто време се заштитува и целото тело (бидејки е силен антиоксидант)градејки го и зајакнувајки го имунитетот.
-ЗЕЛЕН чај освен многубројните благодети за здравјето и убавината улогата на зелениот чај е многу важна при слабеењето затоа што:
– помага за забрзаувае на метаболизмот
-помага во побрзото согорување на маснотиите
-овозможува запирање на таложењето на маснотиите
Ова се три многу важни особини кои всушност и и ја чинат поентата на доброто здравје и оптомална телесна тежина.
-ООЛОНГ(wulong/wu-long) или уште по популарен како “УБИЕЦ НА М А С Н О Т И И Т Е” има значајна улога при проблемот со дебелината.
-го забрзува метаболизмот до тој степен што килограмите едноставно се топат а организмот во исто време се одржува во совршена кондиција.
КОИ ЧАЕВИ СЕ НАЈДОБРИ ЗА СЛАБЕЕЊЕ?
ЖОЛТИТ И БЕЛИОТ чај – се подобри за конзумирање во текот на целиот ден и ноќ затоа што имаат многу мала количина на теин(кофеин).Ова е доволна причина да можат да ги конзумираат сите старосни групи-од децата до сите оние кои сакаат или треба да ги намалат килограмите.
БЕЛИОТ чај исто така е подобен за оние кои имаат висок крвен притисок (го намлува).
ЗЕЛЕНИОТ и ООЛОНГ чаевите се препорачуваат да се конзумираат во текот на денот бидејки во себе содржат поголема количина на кофеин (теин).
ООЛОНГ чајот е особено добар и им се препорачува на оние со низок крвен притисок бидејки малку го подигнува доведувајки го до нормални вредности.
На крај сепак треба да се напомене дека овие чаеви својот ефект ќе го постигнат ако правилно се приготвуваат и со еден нормален континуитет се конзумираат а тоа значи едноставно да им посакате добредојде во вашето секојдневие.Она што со векови се практицирало : чајот како најдобар завршеток на ручекот или убава ужина е најдобар доказ за долговечноста и убавината на старите народи.
САМО ВО ЗДРАВЈЕТО Е УБАВИНАТА
Публицитет.мк