IN MEMORIAM : Почина Мирчо Чуков од поп бендот „Интервали“

25 Април 2022

На 64-годишна возраст во Струмица ненадејно почина Мирчо Чуков, познатиот вокал и клавијатурист на легендарната музичка група „Интервали“  објави strumicanet.com

Засега не е позната  причина за смртта на Чуков, кој ја остави во тага својата сопруга Снежана, со која заедно 30 години беа дел од групаta „Интервали“.

„Ех, да сакаш“, „Плачела“, „Ноќта е створена за грев“, „Те молам небо“, „Дана“, „Ана“ … се само дел од познатите хитови на групата „Интервали“.

Македонскиот  поп–бенд „Интервали“  е формиран во 1974 година. Мирчо Чуков и Снежана Момчиловиќ, како вокали, се придружуваат во 1982 година.

Во 1984 година ја прават првата снимка за продукцијата на РТ Скопје за песната „Венчавка“.

 

Во 1986 година учествуваат на Југословенските денови на поп-музиката во организација на Југословенската радио-телелвизија со композицијата „Не сум јас оној принц“, чиј комплетен автор е Славе Димитров.

Истата година учествуваат на „ТВ Спот Фест“ со песната „Ти имаш небо“, а во 1987 година победуваат на истиот фестивал со песната „Дај, поведи ме“.

Интервали“  ќе учествуваат 10 пати  на фестивалот МАКФЕСТ. На „Ваш шлагер сезоне“ во Сараево, во 1988 година, настапуваат со песната „Немој да ме будиш“ (Немој ме будити), а двапати на југословенскиот избор за Песна за Евровизија, и тоа во 1989 година со песната „Оган гори“, заедно со Здравко Шкендер , и во 1990 година со песната „Како магија“.

 

 

Својот прв носач на звук го издаваат во 1991 година и оттогаш започнува нивната соработка со Љупчо Мирковски. „Интервали“ настапуваат и на сите пет изданија на „Интерфест Битола“ (1992

– „Бел лебед“, 1993 – „Избриши го моето име“, 1994 – „Слатка тајна“, 1995 – „Сибирски ноќи“, 1996– „Две срца вљубени“ – Трета награда од публиката, а настапуваат и на „Скопскиот фестивал“,

„Еврофест“, „Охрид фест“… Подоцна издаваат и две ЦД-компилации со свои хитови.

 

Во септември минатата година, групата „Интервали“ го имаше своето десетто јубилејно учество на фестивалот на забавни мелодии „Макфест“.

Прочитано 1512 пати
 

output raIp0q

ezgif-3-7c8d99f0b6

akvarius

alfacentar

 

  • Medikor

niksan

Мисли-размисли

za misla

Импресум

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС - ДООЕЛ, ОХРИД

Контакт: publicitetpublicitet@yahoo.com

Техничка реализација: www.arkahost.mk

Посетеност website counter