Почина Фазли Луик - тој за Охрид со срце и љубов пееше и во Австралија
На 62 годишна возраст вчера во Мелбурн, Австралија почина познатиот интерпретатор на македонски народни и новокомпонирани песни Фазли Луик.
Луик е роден 1960 година во Охрид и почетоците со музиката му се во раните деведесетти во неговиот роден град а потоа поактивно со музика и настапи на фестивали се занимава во Австралија. Потекнува од музичко семејство. Вујко му беше доаенот на македонската песна Пепи Бафтироски а братучед композиторот Хилми Билбил. Ќе остане забележана неговата соработка со многу композитори меѓу кои и Тоде Новачевски и нашиот Енвер Рашити.
Фазли со посебно задоволство настапуваше на речиси сите македонско фестивали а посебно им се радуваше на настапите на фестивалот Охридски трубадури.
Пред две години во рубриката Денес им е роденден на Публицитет.мк рече: Живеам тука а со мислите секој ден шетам по охридските сокаци и улици. И затоа во моите песни најмногу доминира љубовта кон Охрид и езерото.
Тој замина, во некоја друга димензија а остнаа да се пеат неговите песни. Нека почива во мир. Сочувство до семејството и неговите блиски соработници.
Публицитет.мк