Милчо Јованоски – Публицитет.мк: „Ех кога поминаа триесет лета“

28 Август 2023

Вања ( Валентина Тодоровска) ми предложи а јас веднаш со задоволство прифатив да пишувам за „Трубадурите“ за „Охрид фест“. На стартот ми се виде лесно , но како што минуваше времето а ветеното не бев го исполнил ми беше се’ потешко што да одберам а што да оставам за некој друг јубилеј од многуте убави случки сврзани со фестивалот, дружбите зад сцена, со Копров и компанија и со изведувачите.

Сепак, еве вечерва решив. Време е да напишам, па уште нецели две недели до фестивалот и големиот јубилеј.
Копров – Честит да е! Честит да ни е!
Слободно можам да го кажам тоа, од првото издание на „Охридски трубадури“ од пред Палас бев дел од прес тимот.
Таа возбуда дека се случува фестивал и си дел од него не може да се опише. За новинар кој тогаш зад себе и немав некој голем багаж, само нецели пет години работен стаж – беше рамно на лото. Се дружиш со музички ѕвезди, правиш интервјуа, седиш во кафеани со нив...
Радио Охрид мојата матична куќа и Втората програма на радио Скопје заедно програма во живо и пренос од финалето. Победи Кате и „Нели ти реков“ со „Галебе бел галебе“. Јас и колегата Љупчо Јолески експресно стигнуваме до победничката микрофонот е вклучен, ние прашуваме а Кате од преголема возбуда одговара само со „Да“...
Дојдоа соработките и заедничките прес билтени со Милан Радиќ – новинар кој некогаш го градел култниот фестивал „Илиџа“, па дружбите и беспрекорната соработка со Тимчо ( Екран ) Апостолов со кого и денес понекогаш ќе размениме некој збор на фесјбук.

 

capture 20230806 210127


Се селиме на „Долни Сарај“ таму перипетии со ветерот, студенто време кон крајот на август или почетокот на септември,ама имаше изданија кога и сценографијата знаше да летне кон езеро или да заврне ситен дожд . Сепак магијата наречена „Охрид фест“ не се предаде – победуваше се’.
На фотките кои ги пратив на една сум со ВХС – Екран колешката Виолета Хаџи Скерлева, токму од раните деведесетти.
Не заборавни се дружбите во „Антико“, „Феникс“, „Ривиера“, „ Света Софија“, „Летница“, „Аквариус“ заедно со целиот тим новинари – известувачи: Меги Маревска, Вања Тодоровска, Валентина Ѓорѓиоска, Весна Миленкоска, ВХС, Јасминка Павловска, Соња Алексовска - Неделковска ...
Тоа беше златното време на македонскиот новосоздаден фолк ама и поп музика. Секоја брка своја ексклузива, за својот медиум ама во кафеаната сите сме едно. Пиеме, се смееме и секако пееме.
Од тоа време уште ме „прогонуваат“муабетите на одредени колеги дека сум бил непоправлив Копровист.
Сум и пред фестивалите кога не го знаев и за време на фестивалите, з’ш ги сакам неговите ноти, неговиот препознатлив стил во илјада други. А и сега и заради ентузијазмот што не го напушта и желбата Охрид да биде еднаков на Сплит или Опатија...

jovica i milco


На „Охрид фест“ имав неколку излети и како автор на текстови за неколку песни испеани од за жал покојниот Симон Костовски,но и со Мирко Вретовски и групата „Далги“...
Добив и специјална Благодарница за придонес во фестивалот. Мислам дека беше за 20 годишнината. Често бев во жири а последниве години меѓу публиката заедно со мојот драг пријател, композитор и аранжер Јовица Каралиевски.
Затреперува срцето – особено сега пред јубилејот. Ех, кога ли минаа триесет лета...

Публицитет.мк 

Прочитано 936 пати
 

output raIp0q

ezgif-3-7c8d99f0b6

akvarius

alfacentar

 

  • Medikor

niksan

Мисли-размисли

za misla

Импресум

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС - ДООЕЛ, ОХРИД

Контакт: publicitetpublicitet@yahoo.com

Техничка реализација: www.arkahost.mk

Посетеност website counter