Во чест на татко ми Симон Костовски (3.6.1953 – 16.10.2018).
Песната „Немир“ ја преработи и ја продуцираше мојот другар Ненад Стефаноски (гитара: Ади Имери, придружни вокали: Ненад, Ади и Ана Марија Јовановска, снимена во „Funk Fu Studio“), кој многу ми помогна за реализацијата на она што го добив како идеја. Во целиот процес, несебична поддршка ми дадоа и моите најдраги пријатели. Всушност, сакав да споделам како јас лично ја доживеав песната како дете и како ја чувствувам сега.
Се разбира, посакав да направам мал омаж за татко ми по повод 5-годишнината од неговото заминување, кој живееше за музиката.
Станува збор за една од песните што татко ми ја отпеал во 90-тите години, инаку музика на Илија Булоски, аранжман на Дамир Имери, текст на Татјана Дурнева, гитара Петар Димовски, придружни вокали Љупчо Мирковски и Будимка Имери, снимена во студиото „Тра-ла-ла“ на Димитар Димовски.
Публицитет.мк