al palpojo 2020

„Мојот живот, мојот свет“: Драган Мијалковски (2) дел

22 Ноември 2021

Во култниот аудио серијал „Мојот живот, мојот свет“ следува вториот дел од интервјуто со легендата на македонската забавна музика Драган Мијалковски.

 Слушнете за тоа како Драган и Маја Оџаклиевска биле единствената пеачка придружба на трите ју турнеи на Оливер Драгоевиќ, како е настаната песната „Лебеди пловете“ или онаа „ На 223 305“. За турнеите по Русија и Австралија и низ цела некогашна Југославија. 

Со клик на линкот подолу слушнете го интервјуто во целост:

 

Драган Мијалковски некогаш  жареше и палеше по македонските и тогашните југословенски фестивали на забавни мелодии. Без него  не се можеше. Победуваше најмногу во  Скопје, но се китеше со награди и популарност и  преку настапите во Белград, Загреб,  Сараево, Сплит и Опатија...

Зад него се илјадници концерти долги турнеи и настапи на фестивали и многу песни кои слушателите и денес ги обожуваат, пеат и сакаат одново да ги слушнат.

25182392 10203951928675160 9184342373008180290 o

Неговото златно време на естрадата беше помеѓу 70 и 80 години од минатиот век.

Драган Мијалковски роден е 1950 година и зад себе има долга кариера од над педесет години. Почна со забавната , се сврте кон народната а компонира и детски песни.

Нашите повозрасни слушатели сигурно ќе се израдуваат кога ќе го слушант нивниот омилен пејач а помладите ќе се запознаат со еден естраден уметник кој и на почетокот на осмата деценија не се предава и со сета душа зборува за музиката и тој во неа. 

За тие негови времиња, за почетоците и детството за кое малку јавноста знае,  за растењето во Скопје, првиот настап во живо, првата снимка, омилените песни и како настанале дел од нив и за тоа  како ги минува пензионерските денови (од пролет до доцна есен) во Подмоље во кои вели дека има премногу време за компонирање и неговата љубов музиката , со Драган Мијалковски разговараше  Милчо Јованоски.

Публицитет.мк

Прочитано 1613 пати
 

output raIp0q

ezgif-3-7c8d99f0b6

akvarius

alfacentar

 

  • Medikor

niksan

Мисли-размисли

za misla

Импресум

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС - ДООЕЛ, ОХРИД

Контакт: publicitetpublicitet@yahoo.com

Техничка реализација: www.arkahost.mk

Посетеност website counter