al palpojo 2020

„Мојот живот, мојот свет“: Коле Ангеловски актер и режисер

12 Декември 2022

Коле Ангеловски – актер и режисер. Роден е во Скопје во 1943 година . Дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Белград.

Првата улога во легендарниот филм „Саша“ му ја донесе и дебитантската награда во Пула која му ја отворила и вратата за филмските улоги кои се нижеа. За филмот „Да се дојде и да се остане“ во 1965 година ја добива Сребрената арена на фестивалот во Пула.

 

images copy copy copy

Забележителни улоги имал и во филмските југословенски спектакли „Битката на Неретва“ , Сутејска и во речиси сите македонски играни филмови од шесетите и седумдесеттите години од минатиот век. Во 1969 година игра споредна улога во филмот „Време без војна”. Во 1971 година игра главна улога во филмовите „Жед” и „Македонски дел од пеколот”. Во 1973 година тој е режисер и сценарист во филмот „Татко (Колнати сме, Ирина)”. Во 1979 година тој го режира филмот „Додека водата тивко шумоли”. Игра главни улоги во филмовите: „Оловна бригада” (1980), „Црвениот коњ” (1981), „Јужна патека” (1982), „Нели ти реков” (1984). Во 1988 година тој е режисер на филмот „Викенд на мртовци”.„ До победата и по неа” и “Македонски дел од пеколот”, „Македонска крвава свадба“...

 

317925656 885003736013959 6227190005166532595 n

Со клик на линкот подлу слушнете го интервјуто во целост

За својот режисерски  првенец филмот„Колнати сме Ирина"во 1973 година добива  награда на  Фестивалот во Пула. Филмската комедија која е производ на театарската режија на истоимената претстава во неговиот матичен Драмски театар во Скопје, „Викенд на мртовци" од 1988 е прогласен за најгледан македонски филм на сите времиња.

 

capture 20221212 234058

Животниот и творечки опус на Коле Ангеловски е разновиден, динамичен и многу плоден. Ангеловски е режисер на повеќе драми, серии, документарци и филмови за македонските театарски куќи, телевизиски станици од кои најмногу за МРТВ. Тој е уште познат и како писател, драматург, публицист и културен работник. За својот сестран творечки опус на полето на културното живеење во Македонија, добитник е на многубројни награди меѓу кои и Наградата за Животно дело “11 Октомври”.

kole vtor film copy

Минатата година тој одбележа 60 години творештво. Ова лето два дена пред премиерата на „Секс, лаги и љубомора"на Охридско лето со народниот театар од Охрид , текст на Марк Камолети а во негова режија разговаравме цел час за него, неговата кариера и низата анегдоти.

capture 20221212 234629

Слушнете каква е неговата врска со Зафир Хаџиманов , Љупка Димитровска, Јул Бринер, Ричард Бартон, Орсон Велс и ред други филмски актери.

Ни раскажа как Тито и Јованка помогнале неговиот филм и покрај забраната  да се прикажува во Пула.

Во интервјуто со Милчо Јованоски – Никола Коле Ангеловски зборува за студентските денови и дружбите со Јелисавета Сека Сабљиќ, Драган Николиќ и ред други актери.

Публицитет.мк 

Прочитано 630 пати
 

output raIp0q

ezgif-3-7c8d99f0b6

akvarius

alfacentar

 

  • Medikor

niksan

Мисли-размисли

za misla

Импресум

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС - ДООЕЛ, ОХРИД

Контакт: publicitetpublicitet@yahoo.com

Техничка реализација: www.arkahost.mk

Посетеност website counter