Петар Нечовски и Љубица Чифлигароска - Петреска победници на „Гоце фест“ 2023
На 17- март во Домот на АРМ во Скопје се одржа новото издание на Фестивалот ГОЦЕ ФЕСТ . Учествуваа 22 интерпретатори меѓу нив и дуетот Петар Нечовски и Љубица Чифлигароска – Петреска од Охрид.
- Оваа вечер меѓу сите песни во сиот сјај блесна песната " Вистината ќе победи" во наша изведба напишаа на фејсбук Љубица Чифлигароска- Петреска и Петар Нечовски.
Тие се воедно и автори на текстот. Музиката е на Петар Нечовски а аранжманот е на Славко Ристевски.
-Со голема љубов од нашите срца кон нашата земја Македонија ја донесовме песната и со нашата весела изведба пред публиката ја проширивме позитивната енергија меѓу гостите, организаторите, камерманте и останатите пејачи кои не останаа недопрени во нивните срца па сите заедно пееја со нас, велат Нечовски и Чифлигароска.
Публиката воодушевена од песната и изведбата на Љубица и Петар ги наградила со бурен аплауз и неколку пати ги натерала пеачите да се поклонат и заблагодарат на публиката за наградата.
Публицитет.мк