al palpojo 2020

„ Мојот живот, мојот свет“: Владимир Попоски

07 Јануари 2024

На овој голем ден – Христовото раѓање – Божик во серијалот „Мојот живот, мојот свет“ ја споделуваме животната приказна на д-р Владимир Попоски реномиран офталмолог во државниот шпански медицински центар Маг и Каталонскиот институт за ретина во Барселона.

 razgovor

 Со клик на линкот, слушнете го интервјуто во целост. Водител: Милчо Јованоски 

 

Во интервјуто д-р Попоски зборува за своите корени од Охрид и Вевчани, за растењето во населбата Ѓорче Петров, за средношколските и студентските денови во родното Скопје.

Посебно поглавје се неговите летни одмори и ангажмани преку студентските размени. За оформеното семејство за двете деца и преголемата родителска љубов кон нив , но и за одлуката да соберете се’ и во рок од нецела година да почне да живе во Шпанија со Дани и Огнен  и да почне речиси од нула.

vlatko

Д-р Владимир отворено зборува за своите спомени, копнежи што ќе беше ако не беше офталмолог, за љубовта кон неговата Дани, за љубовта кон убавиот пишан збор за сликарството и за се’ што носи македонски предзнак.

nagrada

Rhett Buckler  Award 200 2006 - Кан, Франција. Добитник на најпрестижната награда што ја доделува Американската асоцијација на ретинални хирурзи

 

Славе Димитров, Балашевиќ. Хулио ... тое само дел од неговиот музички избор. Но и како што вели новите македонски химни „Нале, налеј“ или „Заветна“...

Нашиот д-р Владимир можеби и денеска е на некоја долга прошетка со неговата сопруга и со децата, ритуал кој многу му значи и како што вели го прави стабилен и цврст.

Нормално, како и секој современ лекар силно поврзан со пациентите и секојдневните новини во офталмологијата во служба на науката. 

Публицитет.мк 

Прочитано 1053 пати
 

output raIp0q

ezgif-3-7c8d99f0b6

akvarius

alfacentar

 

  • Medikor

niksan

Мисли-размисли

za misla

Импресум

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС - ДООЕЛ, ОХРИД

Контакт: publicitetpublicitet@yahoo.com

Техничка реализација: www.arkahost.mk

Посетеност website counter