На минување
Виолината на најпознатиот охридски чалгаџија од крајот на 19 век и почетокот на 20 век, Климе Садило, од неодамна е изложена во Музеј Куќата на Робевци, каде што посетителите покрај тоа што ќе можат да го видат експонатот ќе имаат можност да слушаат музика од тајфата на „Садиловци“. Садило има огромна заслуга што охридската староградска песна од 19 век ја сочувала својата автентичност до денес и сè уште се свири и пее во Охрид и во другите македонски градови...
Бројна публика меѓу која преовладуваа припадничките на понежниот пол вчеравечер го проследи концертот на триото „Џентлмен“ што се одржа во црквата „Света Софија“ во организација на НУ „Охридско лето“.
Денес учениците при ООУ „Св. Наум Охридски“ пригодно го одбележаа Меѓународниот ден на мајчиниот јазик поддржан од УНЕСКО.
Да ја прославиме љубовата!
Во раните утрински часови ,заврши 73. издание на фестивалот на забавна музика САН РЕМО. Победник оваа година е МАРКО МЕНГОНИ со неговата прекрасната композиција ДВА ЖИВОТИ.
ПЗУ „БИОМЕД ЛАБ“ и оваа година како и претходната се вклучи во кампањата за подигнување на јавната свест и создавање промени за 300 милиони луѓе кои живеат со ретка болест и нивните семејства ширум светот.
Занзибар е патување во непознато, вистинска Африка што истовремено те запрепастува и воодушевува,брз и бавен, ист ама различен, мистериозен и егзотичен.
Центарот за развивање на животни вештини БРЕИНОБРЕИН-Црвен крст Охрид започнува со уписи на нови деца од 4-14 годишна возраст, заинтересирани да ја следат интернационалната Бреинобреин едукативна програма преку која ќе имаат можност да ги стекнуваат, развиваат и потврдуваат своите способности: концентрација, меморија, нумерички и вербални вештини, способности за учење, креативност и имагинација, лидерство, самодоверба, визуелизација, решавање на проблеми.
Пред два дена во Охрид престојуваше претседателот на Меѓународната академија „Михај Еминеску“ проф. д-р Јон Деканеску кој дојде да го посети охридскиот научник, доктор на медицински науки, професор, уролог, сексолог, експерт – рецензент, поет и публицист, академик Миле Д. Миќуновиќ. При срдечната средба д-р Деканеску му врачи диплома АМБАСАДОР НА КУЛТУРАТА, почесна титула која ја доделува академијата или владата на истакнати уметници кои со својата работа ја промовираат земјата во светот.