На минување
И годинава Фолк вечер на „Охрид фест“ ја продолжува музичката традиција поткрепена со нашите најдобри пеачи, кои ќе изведуваат песни на докажани авторски тимови-вели Љупчо Соколовски, уметничкиот директор на првата, Фолк вечер на спомнатиот фестивал. Подготовките се во тек, се работи под полна пареа а сите музички гурмани, оние што го почитуваат македонскиот мелос нека го запомнат 2 септември, бидејќи тогаш ќе празнува народната песна на фестивалот.
„Отскочна даска“ е поетско читање што ќе ги собере сите млади, надежни, познати или помалку познати поети и поетеси од домашната книжевна сцена, а кое е предвесник на претстојниот Скопски поетски фестивал, кој ќе се одржи од 29 август до 1 септември, 2022 година.
По девет дена дружба со туристите и мештаните во Трпејца синоќа беше затворено 11. Издание на културно – забавното лето„На зајдисонце“.
Со авторската вечер посветена на композиторот и хармоникаш д-р Гоце Џуклески вечерва во Трпејца ќе биде заокружено единаесеттото издание на културно – забавното лето „На зајдисонце“.
Серијата „Грло во јагоди“ или кај нас преведена како „Бос в трње“ дефинитивно одбележа една ера во југословенската кинематографија. Таа беше со задоволство гледана од милиони семејства во тогашна Југославија, а дел од ова остварување беше и актерот Бранко Цвијиќ кој за жал почина вчера во Белград на 75 . годишна возраст.
На познатите скалила во Трпејца за првпат ќе се одржа „Трка со куфери“. Трчаа вкупно 17 лица и домаќини и гости. Жени, мажи и деца. Им се мереше времето а најдобрите беа награди.
Трпејца се полни со гости. Бисерната плажа и синото езеро се спас од летната жега. Рестораните од утрово се полни, се бара место плус. Убав летен, јулски ден.
Вториот ден од културно – забавното лето „На зајдисонце“ во Трпејца помина во знакот на младите од Црвен крст Охрид и нивниот поетско – музички перформанс „Треба да бидеме подобри“.
Утре со изложба на слики од уметникот Мајкл Клос од Канада и настапот на бендот „8balls“ во Трпејца на свечен начин ќе започне 11 –то културно – забавното лето „На зајдисонце“.