На минување
За едни денеска заврши учебната година а за деветоодделенците е време за одлука - каде да го продолжат задолжителното средно образование. На отворениот ден на РЦСОО "Ванчо Питошески"- Охрид професорот по историја Славко Даскалоски кажа зошто да го одберете нивното училиште.
Ви помагаме да направите правилен избор на Вашата иднина.
Ученикот Гое Брзев на свој начин образложува зошто вреди да се запиште во нашето училиште.
Во рамките на промотивниот серијал за РЦСОО "Ванчо Питошески"- Охрид денес ви го претставуваме образовниот профил ГОТВАЧ како и мисијата и визијата на училиштето. Многу нови причини завршените деветоодделенци да се одлучат образованието да го продолжат во ова средно училиште.
Драги полуматуранти, ако сакате училиште во кое ќе учите , ќе имате практична настава и ќе напредувате - одберете го РЦСОО „Ванчо Питошески“ Охрид, вели Милена, професорка по хотелско работење,економија на туризмот.
Драги полуматуранти, ако сакате училиште во кое ќе учите , ќе имате практична настава и ќе напредувате - одберетего РЦСОО „Ванчо Питошески“ Охрид. Аргументите се на наша страна.
Драги звршени деветто одделенци, ако се одлучите да се запишете во ова средно училиште, настаните како овој опишан во прилогот подолу ќе се ваше секојдневие. На работилницата одржана на 25 мај во РЦСОО „Ванчо Питошески“ во Охрид беше многу динамично и колоритно.
Во петокот се одржа отворен ден за промоција на средното стручно образование во Регионалниот центар за стручно образование и обука „Ванчо Питошески“- Охрид како дел од проектот на МОН „Учи паметни, работи стручно“.
На отворениот ден беше присутен министерот за образование и наука- Јетон Шаќири.
Секој крај на учебната година за некого значи нов почеток и потрага каде после деветтолетката да се продолжи со средно образование.Утре РЦСОО "Ванчо Питошески"од Охрид има Отворен ден на кој ги чека идните средношколци да ги видат нивните потенцијали и во септември да бидат дел од образовниот процес. Марјан Радески, директор на Државното средно училиште на наша покана одговори на неколку редакциски прашања.
Во Петок 27.05.2022 година во РЦСОО “Ванчо Питошески“-Охрид, во периодот од 10,00 до 15,00 часот, ќе се одржи отворен ден на кој ќе се презентираат образовните профили од секторот за угостителство и туризам и дуалните паралелки.