al palpojo 2020

Меѓународната академија „Михај Еминеску“ со уште една титула за академик д-р Миле Миќуиновиќ - Амбасадор на културата

25 Јануари 2023

Пред два дена во Охрид престојуваше претседателот на Меѓународната академија „Михај Еминеску“ проф. д-р Јон Деканеску кој дојде да го посети охридскиот научник, доктор на медицински науки, професор, уролог, сексолог, експерт – рецензент, поет и публицист, академик Миле Д. Миќуновиќ. При срдечната средба д-р Деканеску му врачи диплома АМБАСАДОР НА КУЛТУРАТА, почесна титула која ја доделува академијата или владата на истакнати уметници кои со својата работа ја промовираат земјата во светот.

Академик д-р Миќуновиќ е автор на 118  книги (со 30 729 страници во тираж од 49 930 егземплари). Објавил 443 научни и стручни трудови, 10 универзитетски книги, над 50 колумни во дневен печат и 129 популарни статии на веб порталот доктори.мк и публицитет.мк.

Неговото животно мото е: „работи, заврши, објави“. Поучува дека „Науката е долга (широка, длабока), а животот е краток“ („Ars longa, vita brevis“) и никогаш не може ништо да се истражи докрај. Доколку се чека да се напише совршена книга, а не се објават своите истражувања тогаш нашите потомци би биле посиромашни за многу значајни дела. На тој начин се дава придонес за историјата, се остава трајна трага во сферата во која се работи и се прави траен споменик. Затоа штом се соберат податоци, делото треба веднаш да се објави, а за оние кои сакаат критизерски да се однесуваат за делата, ги потсетува на познатата латинска поговорка: „Faciant meliora potentes“ („Оние што можат, нека направат подобро“). Црногорците велат: „Ко може боље, широко му поље“.

Редовен член е во Европската академија на науките и уметностите во Салцбург во областа на медицинските науки.

Почесен член е во Меѓународната академија „Михаj Еминеску“ во Крајова за не-говото книжевно творештво и творечко учество.

Ambasador na kultura za pub

Добитник е на многу награди и признанија.

Како носител на титулата: „Суверен принц од крстот на Розата, Витез на Орелот“, наместо со оружје се фатил со перото и со него ги чува сите традиционални морални и етички вредности – човечноста и јунаштвото, секогаш да биде најдобар и одличен меѓу другите, да не го срами родот на татковците и ги упатува сите граѓани за зачувување на државниот идентитет на нашата Р. С. Македонија.         

Публицитет.мк          

Прочитано 2619 пати
 

output raIp0q

ezgif-3-7c8d99f0b6

akvarius

alfacentar

 

  • Medikor

niksan

Мисли-размисли

za misla

Импресум

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС - ДООЕЛ, ОХРИД

Контакт: publicitetpublicitet@yahoo.com

Техничка реализација: www.arkahost.mk

Посетеност website counter