al palpojo 2020

Наградата за најдобра поема „Григор Прличев“ врачена на поетот Зоран Анчевски

05 Февруари 2023
   ОХРИД ГО ОДБЕЛЕЖУВА ЈУБИЛЕЈОТ 130 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА ЕДЕН ОД НАЈИСТАКНАТИТЕ ДЕЈЦИ И ПРЕРОДБЕНИЦИ ОД ДЕВЕТАЕСЕТИОТ ВЕК,ЛОВОРОНОСЕЦОТ ГРИГОР ПРЛИЧЕВ.ВО РАМКИТЕ НА МАНИФЕСТАЦИЈАТА „ПРЛИЧЕВИ БЕСЕДИ“,ДЕНЕСКА НА ПОЕТОТ ЗОРАН АНЧЕСКИ МУ  БЕШЕ ВРАЧЕНА НАГРАДАТА „ГРИГОР ПРЛИЧЕВ“ ЗА НАЈДОБРА ПОЕМА ВО  ТЕКОТ НА ИЗМИНАТАТА ГОДИНА.ОД ПРИСТИГНАТИТЕ ЧЕТИРИНАЕСЕТ ДЕЛА ЖИРИ КОМИСИЈАТА КАКО НАЈДОБРА ЈА ИЗБРА НЕГОВАТА ПОЕМА „КОЊСКИ ЖИТИЈА“.
 
 За поемата „Коњски житија“ на лауреатот Зоран Анчески,денеска во Охрид му беше врачена наградата „Григор Прличев“ за најдобра поема во 2022-та година.Мотивот да ја напише поемата,како што рече поетот произлегла спонтано,бидејќи тој е вљубеник во литературата за коњите.Тоа го инспирирало да го напише ова дело во една интересна форма,во кое коњите ќе говорат за човештвото и за оваа цивилизација.
 
anceski copy
 
   „Тие се еден вид меморија,тивка меморија на нашето постоење на оваа планета кои никогаш во ниедна прилика не ги искажале своите размисли во врска со животот и постоењето.Пеењата внатре се поврзани со драмски монолози на посебни коњи,како што реков низ историјата,митологијата,фолклорот и легендите“.
 
   Уште по првото читање членовите на жири комисијата забележале дека поемата „Коњски житија“ ја напишал автор со големо поетско умеење,што е уште една потврда дека во нашата земја има големи творци.
 
prokopiev
 
Александар Прокопиев-претседател на жири комисијата рече:  „Читајќи ја поемата веднаш ни се наметна мислењето дека се работи за човек кој многу работи познава,од митот,од поезијата воопшто,дека се работи за творец кој има големо знаење.Значи и поетско умеење и да кажеме една голема културолошка и литературна подлога“. 
 
Наградата „Григор Прличев“ на поетот Анчевски му ја врачи директорот на НУ „Григор Прличев“ Горан Симоноски. 
 
perco
 
Во име на општина Охрид во чест на Прличев и годинашниот лауреат говореше замнеик градоначалникот Перчо Божиновски. 
 
glumci
 
Актерите од Народниот театар од Охрид, Елизабета Стефановска и Павел Маслов читаа извадоци од наградената поема. 
 
gledaci

Во рамки на чествувањата утре на охридската библиотека ќе и бидат предадени и примероци на „Автобиографијата“ на Прличев отпечатени во Брајово писмо за луѓето со пречки во видот.

По повод годишнината од упокојувањето на охридскиот преродбеник ќе се одржи уште и „Беседа за Прличев“ во неговата куќа, со обраќање на д-р Александра Ѓуркова и д-р Кристина Николовска, претседателката на Собранието на Друштвото на писатели на Македонија, која ќе беседи пред бистата на Прличев кај Библиотеката.  Притоа во НУ Библиотека во Охрид ќе бидат прогласени и најдобрата беседа за 2023 година на тема „Прличев и ние“, а ќе биде промовиран и аудио-записот, есејот: „Душевните очи на Григор Прличев“ од академик Анте Поповски.

Манифестациите по повод јубилејот ќе бидат заокружени со традиционалната свечена приредба на основното училиште во Охрид што го носи името на патронот Григор Прличев.

Манифестацијата „Прличеви беседи“ е во организација на Општина Охрид, ООУ „Григор Прличев“, Друштвото на пистаелите на Македонија како и на НУ Центар за култура „Григор Прличев“, НУБ „Григор Прличев“ кои се под капата на Министерството за култура. 

Публицитет.мк 

 
 
Прочитано 441 пати
 

output raIp0q

ezgif-3-7c8d99f0b6

akvarius

alfacentar

 

  • Medikor

niksan

Мисли-размисли

za misla

Импресум

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС - ДООЕЛ, ОХРИД

Контакт: publicitetpublicitet@yahoo.com

Техничка реализација: www.arkahost.mk

Посетеност website counter