Во ООУ „Св. Наум Охридски“ одбележан Меѓународниот ден на мајчиниот јазик
21 Февруари 2023
Денес учениците при ООУ „Св. Наум Охридски“ пригодно го одбележаа Меѓународниот ден на мајчиниот јазик поддржан од УНЕСКО.
Пишувањето и творењето на мајчин јазик е една од најважните придобивки на човештвото - силна беше поентата која преку музика и рецитал допре до сите ученици.
Можноста да комуницираме, создаваме и да се изразуваме на македонски јазик не мотивира да го чуваме и негуваме мајчиниот јазик, бидејќи е темел на културата, идентитетот и државноста.
За таа цел нашиот влог ќе биде фокусиран во зачувување и афирмација на мајчиниот јазик- едногласни се Наумовите ученици.
Публицитет.мк