SBS на македонски: Ирена Павлова Де Одорико е добитничка на наградата „Стојан Христов“
Авторката Ирена Павлова Де Одорико, којашто живее и твори во Италија, е годинешниот добитник на наградата „Стојан Христов“ за најдобра книга поезија од иселеник што ја доделува Агенцијата за иселеништво.
Наградата е доделена со одлуката од жири-комисијата на „Струшките вечери на поезијата“ за поемата „Светец“.
Поемата „Светец“ е специфична за целокупното творештво на Де Одорико, бидејќи за првпат се одлучува да пишува преку машки фиктивен лик, така наречен Петкамен Петко, кој е создаден од страна на народот, лик-гласник што носи утеха за подобри времиња и предизвикува духовен интерес, хуманост, љубезност и ги учи луѓето на љубов и емпатија.
Ирена Павлова Де Одорико е македонска писателка, поет, новинар, која неуморно ја претставува македонската култура и литература низ Италија.
Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 2001 година. Нејзините песни се застапени во многу македонски и светски антологии.
Со Ирена Павлова Де Одорико во Струга разговараше нашиот Милчо Јованоски:
Публицитет.мк