al palpojo 2020

Младите актери - волонтери од Црвен крст - Охрид во среда ќе ја изведат претставата „Бара“

18 Септември 2023

После премиерното издание на овогодинешниот Аматерскиот младински театарски фестивал „ВДИШИ ТЕАТАР“ и успешното претставување во Требиње, Босна и Херцеговина, младите волонтери-актери од театарската група на Црвен крст Охрид, предводени од авторите, со задоволство и голема возбуда Ве покануваат и очекуваат на новото издание на театарската претстава „БАРА“, која ќе биде прикажана во малата сала на Центарот за култура Григор Прличев, на 20.09.2023 г., среда во 20 ч.

Не пропуштајте ја оваа можност да го препознаете талентот и креативноста на младите актери-аматери, волонтери на   Црвен крст Охрид, со што давате поддршка на работата на театарски надарените волонтери и поттик за младите да се приклучат, ги стекнат и негуваат вештините на актерството. А во темата на претставата „БАРА“, подготвена од страна на неуморните Весна Терзиоска, Емилија Блажеска и Јованка Сион Доленц, ќе го препознаете секојдневието и реалноста на сите нас во барата во која сите на различни начини опстојуваме, соопштуваат од Црвен крст - Охрид. 

Публицитет.мк 

Прочитано 34 пати
 

output raIp0q

ezgif-3-7c8d99f0b6

akvarius

alfacentar

 

  • Medikor

niksan

Мисли-размисли

za misla

Импресум

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС - ДООЕЛ, ОХРИД

Контакт: publicitetpublicitet@yahoo.com

Техничка реализација: www.arkahost.mk

Посетеност website counter