al palpojo 2020

DW: Со ултразвук против рак

08 Јануари 2024

Минимално инвазивно отстранување на тумор со помош на ултразвук без нуспојави? Овој метод е дозволен во САД - за почеток само кај рак на црниот дроб. Но, се истражува негова примена и кај други видови на рак.

Т.н. хистотрипсија е постапка кај која ултразвучните бранови целно се насочуваат на тумор на црниот дроб. Тоа трае само неколку милисекунди, но е крајно интензивно. Целта се микромеурчиња кои се наоѓаат во секое ткиво, па и во ткивото на тумори. Кога ќе ги погоди ултразвучниот бран, тие се зголемуваат, а кога ќе достигнат одреден волумен, пукаат и ја уништуваат клетката на туморот. После тоа останува течна маса која имунолошкиот систем ја отстранува во текот на идните седмици.

Лекарите можат во живо да го посматраат однесувањето на меурчињата користејќи дијагностички ултразвук каков што се применува при преглед на бремени жени. Примената на хистотрипсија уште е ограничена само на рак на црн дроб.

Со тој метод не се уништува здраво ткиво, зашто  ултразвукот е силно фокусиран на туморот.  Не се веќе потребни операции, хемотерапија или зрачење. Познато е дека тие методи на лечење многу го оптоваруваат организмот. Зрачење на пример дејствува на сѐ што се наоѓа во телото на патот до туморот, па и на здраво ткиво.

Постапката е развиена во САД

Оваа постапка е развиена на американскиот Универзитет Мичиген во рамки на клиничката студија #HOPE4LIVER-Studie (Надеж за црниот дроб). На тамошниот центар Rogel Cancer Center од 2021 година се спроведуваат студии со луѓе. На тој меѓународен проект соработувале и два универзитета од Германија: Градската клиника Брауншвајг и Универзитетската клиника Магдебург.

Во текот на студиите се третирани и пациенти со примарни и со метастазирани тумори на црн дроб, кај кои веќе биле исцрпени сите можности на конвенционалната терапија.

Ултразвук преглед
Ултразвукот се применува во многу области, сега и во терапија против ракФотографија: Benjamin Nolte/dpa/picture alliance

Ракот на црн дроб е посебно опасен

Ракот на црн дроб е еден од десет видови малигни тумори кај кои прогнозите за излекување и шансите за преживување се мали. Само околу 20 проценти од заболените по дијагнозата живеат уште пет години.

За пациентите хистотрипсијата не значи само можност да се лекуваат без оптоварувањата кои ги носат зрачењето и хемотерапијата, туку и помалку нуспојави од лекови, а и опоравувањето е далеку пократко отколку по операција. Како што докажуваат студиите, лечењето со новиот метод е вкупно земено помалку напорно за заболениот, но и крајно ефикасно. 

Хистотрипсијата отвора нови можности

Се чини дека хистротрипсијата е ефикасна и кај метастази. Во првите студии со кучиња, имунолошкиот систем со помош на хистотрипсијата по уништување на 50 до 75 проценти од туморот на црн дроб можел да го отстрани остатокот од келиите зафатени од рак. Кај повеќе од 80 проценти од животните на кои е тестиран методот, немало знаци на можни метастази.

Но, хистотрипсијата не отвора нови можности само кај  уништувањето на тумори.  Две предклинички студии спроведени минатата година на глодари покажуваат дека имунолошкиот систем меѓу другото учи и како да ги препознае клетките на рак како закана и да активира природен имунолошки одговор на ракот.

Хистотрипсијата уште се наоѓа во ран стадиум на клиничка примена. Во Германија засега е дозволена само во рамки на научни студии. Сепак, научниците проценуваат дека таа би можела да биде многу добар неинвазивен метод за лечење на заболени од рак на црн дроб. Има надеж и дека хистотрипсијата ќе се развие во терапија која ќе може да се применува  кај сите тумори во целото тело,  а не само на црниот дроб, на пример дека со неа во иднина ќе може да се лечи и рак на бубрези или простата. 

Извор: www.dw.com 

Публицитет.мк 

Прочитано 1091 пати
 

output raIp0q

ezgif-3-7c8d99f0b6

akvarius

alfacentar

 

  • Medikor

niksan

Мисли-размисли

za misla

Импресум

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС - ДООЕЛ, ОХРИД

Контакт: publicitetpublicitet@yahoo.com

Техничка реализација: www.arkahost.mk

Посетеност website counter