al palpojo 2020

Започнува пролетниот циклус на програмата „ПОЛЕТАРЧЕ“

29 Јануари 2024

Црвен крст Охрид започнува со уписи за пролетниот циклус на програмата „ПОЛЕТАРЧЕ“ преку која деца на возраст од 3-5 години преку игра, забава и дружење ќе ја развиваат и јакнат самодовербата, ќе стекнуваат вештини важни за успешно извршување на училишните задачи преку креативни вежби за броење, помнење и концентрација, вежби за размислување, вежби на графомоторика, вежби на фина моторика, вежби за осознавање и разбирање на просторните и временските односи, вежби за говорот и речникот, јазична и математичка писменост, социо-емоционални вежби, вежби за насочување и одржување на вниманието и друго.

Вежбите се приспособени на возраста на детето и преку нив детето станува свесно за своите способности, се поддржува да не се откажува при правењето грешки и да има храброст да биде креативно.

Планирани се и најразлични теренски работилници на кои дечињата ќе го запознаат со многу корисни спортски содржини, со училишното опкружување и снаоѓање во сообраќајот и др.

Пролетниот циклус од програмата трае 3 месеци  со изведување на вкупно 12 часови, по еден час седмично, во траење од 45 минути.

Сите заинтересирани можат да се информираат и пријават на телефоните 046 261909 или 072 246175, на е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., или во просториите на Црвен крст Охрид, започнувајќи од денес 01.02.2023 г., секој работен ден од 8-16 ч., а детални информации за оваа програма, заинтересираните ќе можат да  добијат на отворениот ден за програмата ПОЛЕТАРЧЕ кој ќе се реализира на 03.02.2024 г. (сабота) од 13-15 ч. во просториите на Црвен крст Охрид.

Ве очекуваме.

Прочитано 534 пати
 

output raIp0q

ezgif-3-7c8d99f0b6

akvarius

alfacentar

 

  • Medikor

niksan

Мисли-размисли

za misla

Импресум

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС - ДООЕЛ, ОХРИД

Контакт: publicitetpublicitet@yahoo.com

Техничка реализација: www.arkahost.mk

Посетеност website counter