Омнубус
Од година во година се влошува состојбата со рибниот фонд на охридската пастрмка и белвицата. Рибокрадците масовно и неселективно ги изловуваат овие два ендемични видови риба, а езерската полиција и покрај сите напори не може да и стави крај на оваа појава. Поради тоа еколозите решението го гледаат во термалните камери, односно термалните дронови кои се далеку поефикасни од луѓето...
Организациониот одбор на фестивалот на детски песни „Распеано рибарче“ распишува Конкурс за нови песни и изведувачи за јубилејното 25 издание на фестивалот што ќе се одржи во април 2024 година во Охрид.
"Работата ве одржува здрави и млади", вели за СБС на македонски Весела Грујоска, која што работи за државната компанија "Транспорт на Нов Јужен Велс" цели 50 години и дури и во деветтата деценија од животот не мисли наскоро да се пензионира.
За оваа енергетична жена со неверојатна работна етика, компанијата организира свеченост на која што и беше оддадено признание за половина век служба, без речиси ниту ден отсуство поради боледување. Една таква животна приказна за македонска мигрантка во Австралија објави уредничката на СБС Македонски Радица Бојковска - Димитровска, за неверојатната Веса од Вапила, која Публицитет.мк ви ја пренесуваме во целост:
Годинашното, седумнаесетто по ред издание на фестивалот на камерна музика „Златна лира“ ќе се одржи од 16 до 31 октомври во организација на Сојузот на музичките уметници на Македонија – СМУМ. „Златна лира“ е манифестација со богата традиција, посветена на промоција на светското и на домашното исполнителство, но и творештво.
Четири македонски сценаристки и креативки Ева Камчевска, Весна Куслеска, Валентина Ѓоргиевска Парго и Тања Кузманоска успешно учествуваа на културната манифестација 4.TEMPORA/CONTEMPORA, во рамките на финалната средба на "The East Side of the Stage", која се одржа на 30 септември и 1 октомври во италијанскиот град Лече.
За разлика од другите национални книжевности кои имаат негативни иксуства заради присуството на култот на водачот во книжевните текстови, македонската современа книжевност има позитивно искуство. Затоа што Македонија, македонската историја и македонската книжевност и култура го имаат Гоце Делчев. Водачот чие име со пиетет го пееме и во државната химна и во навивачките песни во кои ја искажуваме гордоста што сме негови потомци. А заради култот кон него што е дел од нашата традиција, македонските писатели имаат потреба историските факти да ги преточат во естетски креации, за притоа да откријат и покажат и други димензии на личноста на Делчев. Преку нивните книжевни дела, со својата идеја и со комплексноста на својата личност, Делчев и натаму е синоним за водач на Македонците, и 120 години по неговото загинување.
Еден ден пред официјалниот старт на јубилејното, 30-то издание на „Охрид фест“: сцената на Долни Сарај е во полн блесок, водителите Ирена Спировска (Фолк вечер), Маријана Станојковска, Васил Зафирчев и Ване Марковски (бекстејџ)- ги повторуваат ударните реплики, организаторите ветуваат две фантастични вечери полни со добра музика, а фактот дека влезот слободен, најавува добредојде за сите!
Во рамките на 56. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ (МСМЈЛК при УКИМ), денес во Охрид се одржа разговор со писателот, академик Влада Урошевиќ по повод наградата „Роман на годината“ за 2022. која за неговиот роман „Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски, за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“ му ја додели Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“. Романот е во издание на „Арс Ламина“, а разговорот со Влада Урошевиќ за слушателите од напреднатите рамништа на Летната школата го водеше новинарката Катерина Богоева, членка на Фондацијата.
Утре - вторник во 19 часот, во црквата „Свети Никола“ во Вевчани, во рамките на културната манифестацијата „Вевкул“, ќе биде промовирана монографијата „Македонија, Горна Река – село Кичиница, историски видувања и записи“ од Драган Попоски-Стојнин. Моногафирјата е издание на „Бата прес“ и на промоцијата за неа ќе зборуваат Мишо Китаноски, писател, новинар и публицист, Ефтим Клетников македонски поет, книжевен критичар, есеист и преведувач кој е и рецензент на делото, како и историчарот д-р Павле Митревски, универзитетски професор во пензија.