Иако до крајот на годината има повеќе од 80 дена, лондонски „Телеграф“ направи избор од 20 филмови кои во некоја рака ја одбележаа оваа 2015 година , како со освоените награди така и со својот квалитет. На овој список се наоѓаат и голем број на филмови кои се направени во изминатата година но пред судот на пошироката публика дојдоа во текот на оваа 2015 година. Некои од нив се носители на најпрестижната награда, Оскарот, со што се потврдува нивниот квалитет и оправданоста да се најдат на оваа листа , која се разбира не е конечна.Презентирајќи ја оваа листа денес и во наредната недела, ќе ви предочиме неколку филмови кои би требало да ги погледнтете доколку тоа не сте го направиле досега.
ЧОВЕК ПТИЦА
Прв на оваа листа е филмот„ Човек птица “ на режисерот Алејандро Гонзалес Ињариту со Мајкл Китон во главната улога кој го толкува ликот на некогашната ѕвезда на холивудска суперхеројска ѕвезда која се обидува да се врати под светлата на Бродвеј.Филмот ја имаше честа да го отвори Венецијанскиот филмски фестивал изминатата година. Досега има освоено 209 раноразни филмски награди меѓу кои и 4 Оскари, за најдобар филм,режија, сценарио и кинематографија. Иако имаше номинација за Оскар, Мајкл Китон остана без статуетката иако според многумина Китон ја одиграл својата животна улога.
СЕЛМА
Филмовите кои говорат за познати личности од историјата на САД одсекогаш биле интересни за публиката од повеќе аспекти.Од тоа дали прикажаното е доследно на историските факти па се до тоа дали актерите кои ги играат историските личности се на ниво на поставената задача.
Изминатата година големо внимание привлече филмот „ Селма “ на режисерот Ава Де Верне кој говори за големиот борец за правата на црнците Мартин Лутер Кинг , чиј лик мошне успешно го одигра актерот Дејвид Ојелово. Иако многумина очекуваа дека филмот ќе добие многу номинации за наградата Оскар , тоа сепак не се случи.Но, филмот беше добро прифатен од публиката и критиката. Впрочем освоените 54 филмски награди доволно говорат за неговите квалитети.
СВОЈСТВЕН ЗАМЕНИК
Меѓу најдобрите филмови ,според изборот на британскиот „ Телеграф“ се најде и трилер драмата со елементи на комедија „ Својствен заменик“ на познатиот режисер Пол Томас Андерсон.Филмот преставува адаптација на истоимениот роман на Томас Пичон. Во овој седми филм на режисерот Андерсон настапува позната актерска екипа предводена од Жоакин феникс. Тука се уште и Џош Бролин, Овен Вилсон,Рис Витерспун, Бенисио Дел Торо, Џена Мелоун, Мартин Шорт…Приказната се врти околу Лери Спотело и се случува во 1970 година ,кога тој ќе биде вплеткан во криминалното подземје на Лос Анџелес додека се испитуваат три случаи кои се поврзани со исчезнувањето на неговата поранешна девојка и нејзиното богато момче. Ова , инаку е првата холивудска екраниазација на еден роман на еден од најголемите современи американски писатели,Томас Пичон.
БОРЕЊЕ СО ЛУДИЛО
„Борење со лудилото“ е прикажан на повеќе филмски фестивали меѓу кои и оној во Кан каде ја доживеја својата премиера во изминатата 2014 година .Филмот го престави познатиот комичар Стив Карел во една сосема поинаква светлина. Се работи за спортска биографска драма на режисерот Бенет Милер кој беше награден на фестивалот во Кан за најдобра режија. Филмот преставува една шокантна приказна за убиството на олимпиецот Дејвид Шулц и одмаздата на неговиот брат.
За успехот на филмот голем придонес има и актерската екипа во состав:Ченинг Тетјум, Сиена Милер, Марк Рафало , Ванеса Редгрејв…
РИТАМОТ НА ЛУДИЛОТО
Фестивалот на независниот филм Санденс преставува вистински расадник за нови филмаџии,без разлика на тоа дали се работи за актери или режисери. Такаречи секоја година од таму доаѓа по некој филм кој ги досегнува ѕвездените мигови. Така се случи и изминатата година со филмот „ Ритамот на лудилото“.Младиот режисер и сценарист Демиен Чазел на љубителите на убавиот филм им го донесе музичкиот филм кој говори за односот помеѓу талентираниот тапанар и неговиот строг професор.
Младиот актер Мајлс Телер а особено ветеранот Џ. К. Симонс направија извонредни улоги кои останаа забележани и од публиката и од критиката. Ова особено важи за ветеранот Симонс кој заработи дури и Оскар за споредна улога. Иако од неговото премиерно прикажување поминаа такаречи две години , интересот за овој филм и понатака не спласнува што го потврдува и овој избор на „ Телеграф“.
ТОА ДОАЃА
„ Телеграф„во својот избор од 20 филмови кои ја одбележаа оваа 2015 година го стави и хорор филмот „ Тоа доаѓа“. Многумина велат дека се работи за хорор филм кој не треба да се пропушти.Го сметаат за најдобар американски хорор филм по филмот „Блер Вич проект“ и еден од најстрашните филмови во последните неколку години.Се разбира ова важи за љубителите на овој жанр. Интересно е дека на режисерот Дејвид Роберт Мичел ова му е дебитантски филм а и актерите кои настапуваат во филмот такаречи се непознати:Маика Монро,Кеир Гилчирст,Оливиа Рикарди, Лили Сепе…Но, сето тоа не било причина филмот да не биде забележан од публиката и критиката.
ВОЈВОДАТА ОД БУРГУНДИЈА
„ Војводата од Бургундија“ преставува британска драма која е помалку позната кај пошироката филмска публика. Сценариото на филмот и режијата е на Питер Стрикленд. Филмот бил прикажан на престижните фестивали во Торонто и Лондон и Ротердам каде добил високи оценки од критиката.Филмот говори за односот меѓу две жени, Евелин која студира лепидоптерологија ,односно наука за пеперутки и молци ,и нејзината предавачка Синтија со која е во романтична врска.
Во филмот главните улоги ги толкуваат Сидсе Бабет Кнудсен и Моника Свин.
И ПОНАТАКА АЛИС
Познатата актерка Џулиен Мур, како што е познато, оваа година конечно го освои Оскарот за најдобра женска улога за филмот „ И понатака Алис“.Филмот е темелен врз романот на Лиза Генова и освои многубројни признанија и награди.
Приказната на филмот говори за Алис Ховленд која е среќно мажена жена со три возрасни деца.Таа е реномирана професорка по лингвистика која ќе оболи од Алцхајмерова болест.Одеднаш таа ќе се најде во тешка борба за сопствениот живот обидувајќи се да ја координира својата болест, работата, бракот и децата.Оваа тешка драма ги освои гледачите ширум светот што секако се должи на играта на извонредната Мур но и на нејзините партнери,Алек Болдвин, Кристен Стјуарт и Кејт Босфорт. Режисер на филмот е Ричард Глацер.
ГУЛАБОТ СЕДИ НА ГРАНКА И РАЗМИСЛУВА ЗА ЕГЗИСТЕНЦИЈАТА
Минатогодишниот добитник на Златниот Лав во Венеција „ Гулабот седи на гранка и размислува за егзистенцијата“се најде во изборот на британскиот „ Телеграф“ како еден од филмовите кој ја одбележа оваа 2015 година. Филмот всушност преставува третиот филм од триологијата на шведскиот режисер Рој Андерсон.
Една од главните теми на филмот е подбивањето со недостатокот на емпатија кон луѓето.
ПОБЕСНАТИОТ МАКС:ДИВИОТ ПАТ
Листата од првите 10 филмови од овој избор на „ Телеграф“ завршува со акциониот филм преполн со адреналин „ Побеснатиот Макс: дивиот пат“ на австралискиот режисер Џорџ Милер,човекот кој го измисли постапокалиптичниот жанр. Во ова четврто продолжение кое ги преставува новите авантури на воинот Макс Рокатински главната улога ја толкува Том Харди ,кој по се изгледа ,успешно го замени Мел Гибсон по првата триологиа која има култен статус. Интересно е дека актерката Чарлиз Терон коа муе партнерка на Том Харди ,ако може така да се рече му го „украде“ филмот, како со својата појава така и со сугестивната игра. Филмот плени со извонредна режија и специјалните ефекти кои дојдоа во полн ираз со употребата на 3Д технологијата.Филмот светската премиера ја доживеа на годинешниот Кански филмски фестивал. Сето тоа сигурно било причина овој филм да се најде во изборот на британскиот „ Телеграф“ .
Ѓоко Симјаноски / Публицитет.мк