Кога го замоливме Наум Петрески да се сети на една анегдота , за некоја од неговите песни, како и кога настанала?, ни напиша: – Ги имам веќе над 300 мои, за секоја има по некоја приказна.
Човекот кој во светот на фолк естрадата влезе на голема врата по својата втора официјална песна изведена на „Валандово“ „Има ли песна’ на Фис, се потсети на една случка сврзана со песната која ја имате како видео предлог.
Наум ни напиша неколку реда во која ја открива тајната како настанала „Лено, Ленче“ и со тоа ја потврди и долгодоишната успешна соработка со – условно речено, неговиот композитор Љупчо Трајковски – Фис.
– Па еве да речиме за „Лено, Лено,Ленче“ од Љупчо Трајковски – Фис. Заедно седевме во една од скопскиве кафетерии кога ја доби нарачката за „Песна на летото“ 1992 та година од Томислав Которчевич како организатор на тој летен фестивал. Фис во истиот момент извади пенкало и ја зеде истрошената кутија од неговите цигари нацрта петтолиние и ја напиша за 5 минути песната комплетно сосе текстот. Најинтересното е што песната се слуша и до ден денес.
Публицитет.мк