Спроти Илинден во Љубојно – Ресенско се одржаа „48. Љубански илинденски иселенички средби“. Тие се значајна иселеничка манифестација не само за Љубојно и Преспа. Затоа тој голем ден Илинден за сите Македонци го прави Љубојно да е најубаво, највесело и најпривлечно место.
Дел од годинашната средба беше во знакот на великанот на македонскиот јазик Блаже Конески.
Нашиот Милчо Јованоски во Љубојно се сретна со познатиот новинар и публицист Славе Николовски – Катин – човекот кој е автор на над 60 наслови од кои голем број монографии за македонски иселеници ширум светот. Во интервјуто тој зборува за импресиите од средбите со Македонците и тагата по родната земја. Катин зборува и за Австралија и неговите контакти на овој континет, како и за семејната библиотека во Љубојно со околу 4000 наслови.
Интервјуто неодамна беше емитувано на македонската програма на СБС во Австралија а денес го споделуваме и на Публицитет.мк, со уште еден убав повод Славе Николовски – Катин денеска слави роденден.
Публицитет.мк