Младинскиот културен центар од Охрид во соработка со Туристичкиот сојуз го организира Меѓународниот фестивал „Охридска музичка есен“.
Фестивалската вечер ќе се одржи во сабота (24 октомври) со почеток во 19 часот во Центарот за култура „Григор Прличев.
Ќе настапат ансамблите „Далматика“ и „Острц“ од Хрватска како и градскиот хор при Центарот за култура Григор Прличев“ од Охрид и оркестарот од Охрид. Влезот ќе биде бесплатен.
Публицитет.мк