Викендов, учениците од ОУ Дебрца ги реализираа активностите од Отворената фудбалска школа 2018, која финансиски, со 100.000 денари беше поддржана од општина Дебрца.
Два дена прекрасно изгледаше спортскиот полигон во Мешеишта, во што лично се уверив при денешното дружење со учениците, вели градоначалникот на Општина Дебрца Зоран Ногачески:
-Со еколошка акција за чистење на училишните дворови го одбележавме и 15-ти септември, светскиот ден на чистењето.
Како локална самоуправа и во иднина безрезервно ќе го поддржуваме секој проект и активност за спортско издигнување на учениците и развој на училишниот спорт, додава Ногачески.
Публицитет.мк