За разлика од болестите што имаат специфични и препознатливи симптоми, некои состојби се забележуваат дури со симптомите и медицинските проблеми што ги сметаме за „нормални“. Од нив често знаат да се изродат многу подмолни болести.
Некои болести се очигледни, но некои состојби се развиваат полека, па лицето обично и не забележува дека се појавила болеста сè додека не е предоцна. Поради тоа важно е редовно да се оди на контролни прегледи и да се известува лекарот дури и за најмалите промени што ги чувствувате.
На што особено треба да се внимава:
Ниско ниво на витамин Д
Иако можеби нема да забележите дека се случува нешто опасно, ако нивото на витаминот Д подолго време ви е под 30 нг/мл, тоа можа да предизвика срцеви болести, дијабетес, некои видови рак, како и мултипна склероза.
Витаминот Д помага и во апсорпција на калциумот, па недостатокот лошо влијае и на вашите коски. Нивото пониско од 20 нг/мл може да се смета како недостаток. За среќа, проверката и надоместокот на витаминот Д се едноставни. Не бегајте панично од сонцето и вашето тело ќе створи доволно витамин Д самото по себе. Ако имате сериозен недостаток, можеби треба да го надоместите со додатоци во исхраната. За неколку месеци повторно проверете ја состојбата.
Хипотиреоза
Тироидната жлезда го регулира метаболизмот, како и многу системи и процеси. Кај недоволно активна тироидна жлезда не се произведуваат доволно хормони и телото не функционира правилно. Симптоми на хипотиреоза, како што се замор и нетолеранција на студенило, лесно можат да се предвидат бидејќи се суптилни и можат да се појават постепено. Забавената тироидна жлезда може да предизвика дебелеење, болести на срцето, висок холестерол, неплодност, депресија и оштетување на нервите. Доколку се сомневате за оваа состојба, проверете го нивото на хормонот TSH во крвта. Веќе од 35-годишна возраст треба да одите на редовни прегледи, а на контрола да одите на секои пет години.
Дијабетес тип 2
Ако вашето тело не произведува доволно инсулин што ја дигестира гликозата, се развива дијабетес. Тој често се јавува постепено, бидејќи се забавува производството на инсулин во панкреасот. „Можете да имате дијабетес со години, но да не го знаете тоа“, вели д-р Мелина Јамполис, интернист и автор на книгата„Календарска диета“ (The Calendar Diet). Дијабетесот може да ги оштети очите, срцето, бубрезите и нервните завршетоци. Од јуни, 2009 година, лекарите најмногу го препорачуваат тестот A1C, кој го мери просечното ниво на гликоза во крвниот систем во текот на неколку месеци од примерок на крв и без потреба да гладувате пред тестот. Ако имате прекумерна телесна тежина или историја на дијабетес во фамилијата, погрижете се првото тестирање да го направите на 45-годишна возраст.
Зголемен крвен притисок/хипертензија
Поради стареењето и факторите на ризик, како што се историја на болести во семејството и прекумерна телесна тежина, крвниот притисок на ѕидовите на артериите може да стане преголем. На крајот тоа доведува до хипертензија. Евентуалните компликации вклучуваат срцев удар, мозочен удар и болести на бубрезите. „ Како кардиолог знам дека лицето може да има асимптоматска хипертензија со години пред дијагнозата“, вели д-р Мелиса Конг и додава: „ Тоа ја истакнува важноста на годишните систематски прегледи, дури и ако се чувствувате здраво.“ Имајте на ум дека нормален е притисокот околу 120/80 mmHg.
Висок холестерол
Било поради лошата исхрана или генетиката, зголеменото ниво на лошиот холестерол во крвта може да ги затне артериите, што доведува до лош проток на крвта во виталните органи, како срцето и мозокот. Тоа може да предизвика срцев или мозочен удар, вели кардиологот д-р Сара Колинс. „Освен тоа, високото ниво на холестерол и хипертензијата се фактори на ризик за болести на срцето што ги убива луѓето повеќе од трите следни предизвикувачи на смрт заедно.“
Сепак, високото ниво на холестерол не може да се почувствува. Затоа одете на рутински преглед на крвта. Ако холестеролот е висок, веројатно ќе ви се препорачаат вежби и промена на начинот на исхрана како почетно лекување, а потоа ќе направите контролен тест. На оние со опасно ниво, ќе им препорача и лекови.
Фибромијалгија
Фибромијалгија е хронична состојба или болен синдром што се карактеризира со болка во мускулите, лигаментите и тетивите следена со замор. Карактеристични се и одредени точки на телото што се многу болни на допир. Голем број лица чувствуваат умерен до силен замор, имаат пречки во спиењето, чувствителни се на допир, светлина и на звук. Многумина страдаат и од синдром нервозни црева, лупус и од артритис.
Но фибромијалгијата тешко се дијагностицира бидејќи не постои тест за ова нарушување. До дијагнозата се доаѓа со исклучување на други болести така што може да поминат и години пред да дознаете во што е проблемот. Иако фибромијалгијата не е опасна по животот, тука е трошокот од недоволната физичка сила и менталниот притисок. Факторите на ризик вклучуваат појава на болеста во семејството, присутност на ревматски или заразни болести, како што е Лајмовата болест, и некои трауматски случувања, како сообраќајни несреќи.
Анемија
Како што бројот на крвните зрнца полека се намалува, се јавуваат суптилни симптоми, како замор. Бидејќи црвените крвни зрнца пренесуваат кислород, недостатокот на кислород може да ги оштети органите и да го зглеми ризикот од срцев удар. Одете на лекарски преглед ако често сте изморени, особено ако имате тешка менструација или цревно нарушување, како Кронова болест или целијакија. Лекарот ќе ви ја провери крвта и ќе ви препорача терапија
Извор: Убавина и Здравје.мк